Кумановка се фрли од петти кат
КУМАНОВО - Деветнаесетгодишната Д.С. од Куманово си го одзеде животот завчера попладне околу 15 часот, скокајќи од петтиот кат од зграда во центарот на градот. Повод за трагедијата била една банална расправија во семејството, по што девојката скокнала од терасата на својот стан од височина од околу 20 метри. Цели два часа вознемирените соседи од своите тераси го гледале безживотното тело на девојката, додека истражните органи биле на местото на трагедијата. Непосредно пред несреќата, станарите од зградата велат дека слушале викотници и расправија во семејството.
Според изјави на блиски пријатели на несреќната девојка, таа била солидна студентка на Американскиот колеџ во Скопје, а предавала хонорарно шпански јазик во едно приватно училиште за странски јазици во Куманово. (Ст.Б.) |