Будимир бара 150.000 евра отштета од Лилја

„Мојот живот во Македонија стана пекол по смртта на Тоше“, зборуваше Андријана Будимир на денешното судско рочиште на кое таа ја тужи Лилјана Петровиќ за клевета, јави телевизијата А1.

Девојката на Тоше и менаџерката се скараа за тоа кој последен пат му се јавил на Тоше и со кого тој разговарал пред сообраќајката во која загина.

„Завршив на психијатар, сите мислат дека лажев за врската со Тоше“.

„Трпи мојата работа, трпам јас. Барам Лилјана Петровиќ да ми се извини и да плати за штетата што ми ја направи“, зборувала Будимир во плач пред судијата.

Будимир, покрај отштетата, од Петровиќ бара и јавно извинување.

Еден ден пред годишнината од смртта на Тоше, Петровиќ изјавила на Интернет-портали дека Будимир и Тоше пред тој да загине не се слушале по телефон и не контактирале 16 дена.

Петровиќ му даде на судот доказ - листингот од телефонот на Тоше каде што не стои бројот на Будимир. Истовремено, адвокатот на Будимир му го покажа на судот нејзиниот телефон во кој се' уште стојат пораките од Тоше.

Петровиќ не дозволи листингот да го видат Будимир и нејзиниот застапник оти во него имало броеви на блиски пријателки на Тоше, кои таа не требало да ги знае.

Судењето продолжува во февруари кога ќе биде изречена пресудата.