Дневен хороскоп



Овен

Се' укажува на успех, но до него се' уште не сте дојдени. Многумина од вас поради тоа се намуртени и нервозни. Бидете трпеливи, ќе дојдат и вашите пет минути. Ви недостасуваат нежност и љубов, а морате да внимавате и на здравјето.



Бик

Доброто расположение и понатму трае. Сите размислувања се позитивни, врзани за љубовта, парите и странство. Ве очекува патување, затоа не грижете се ако нешто е во застој. Бидете му верни на партнерот, ова не е период кога можете уверливо да лажете.



Близнаци

Кој може да излезе на крај со толку мисли кои ви се мотаат низ глава? Ни на момент не мирувате. Можеби не би било лошо да го исклучите мозокот и да не мислите на ништо. Тоа е одличен начин за да ја избегнете нервозата.



Рак

Ви одговара осаменоста, затоа потрудете се да се дистанцирате од луѓето. Ќе имате време да се одморите и за се' добро да размислите. Прашајте се дали некои ваши потези се на место и добро размислете каде грешите. Со партнерот одлично комуницирате.



Лав

Периодот пред вас е поволен за работа, а уште повеќе за љубов. Врдно работите и избегнувајте расправии ако сакате да успеете. Ќе бидете задоволни со постигнатите резултати, а можеби во меѓувреме и партнерот ќе се опамети.



Девица

Конечно почнавте пообјективно и со доза на резерва да гледате на сето она што ве опкружува. Ве очекува пресвртница во професионалниот живот. Бидејќи се' се одвива како што сакавте, можете да бидете задоволни. Наредните потези ќе бидат крунисани со многу пари.



Терезија

Во фаза сте на просперитет, па со камата ги надопонувате пропуштените прилики. Занимавајте се не само со креативна работа, туку и со други обврски кои бараат креативност. За љубов и да не зборуваме. Морате да обрнете внимание на семејството.



Скорпија

Чувствувате блискост кон сите со кои сте во контакт. Ви годи женско друштво. Машките припадници на знакот конечно чувствуваат благодат, љубов и разбирање од саканата личност. Одете на културно-уметнички настани и ќе се чувствувате одлично.



Стрелец

Уживате бидејќи некои од своите идеи ги спроведовте на дело. Единствено што ви недостасува е да направите важни планови за приватниот живот. Тоа мора да го направите, наскоро планетите ќе ви пратат директни вибрации.



Јарец

Проблемите во комуникацијата ги решавате со помалку отпор. Се повлекувате во својот фиктивен свет наместо директно да се соочите со предизвиците врзани за околината. Почнете со расчистување на проблемите, ситуацијата бара одлучна акција.



Водолија

Опкружени сте со оние кои ве сакаат и почитуваат. Очекувајте финансиски успех и признание од соработниците. Олабавете се и уживајте во моментите на среќа. Не плашете се дека некој ќе ви ја загрози среќата. Таков се' уште не се родил.



Риби

Доколку ви се понуди подобар извор на приходи, не филозофирајте, туку прифатете. Незадоволни сте од себеси, бидејќи затаивте дел од проблемите. Иако се можни стомачни тегоби, здравјето полека се подобрува.