ТВ-сигналот ќе се дигитализира
Србија од 2012 година планира да го прекине аналогниот телевизиски сигнал и програмите да се емитуваат исклучиво преку дигитален сигнал.
На овој начин, речиси два милиона Срби нема да можат да ја следат телевизиската програма, бидејќи сигналот го примаат преку обична антена, така што ќе мора да набавуваат декодери, кои, според некои процени, би чинеле околу 50 евра.
Државата претходно најави дека ќе ги помогне загрозените граѓани при купувањето декодери. (Ек.Р.) |