Секој понеделник нов наслов!

БАСНИ - Езоп, Лафонтен, Крилов

Басните иако на прв поглед се литература за деца од нив може да научат и возрасните и се актуелни од античката литература па се до денес.
Басната во својот првобитен облик е усна колективна творба на што укажува aнимистичкиот и аниматистичкиот поглед на свет во неа, интересот за персонифицираната појава на живата и неживата природа, поистоветувањето на човекот со животните.
Езоп (Лисицата и грозјето, Желката и зајакот, Штурецот и мравката) е татко на басната како куса прозна форма со поучителен карактер.
Иван Крилов (Петелот и бисерот, Волкот и мачорот, Селанецот и смртта, Орелот и кокошките) создава оргинални басни во стихови, ослободени од композицијата и изразот на другите баснописци, но со иста цел - преку критиката на човечките недостатоци морално да се воспита човекот.
Лафонтен (Волкот и јагнето, Гавранот и лисицата, Волкот и штркот, Магарето облечено во магарешка кожа, Соборениот лав) алегорично ги претставува кралот Луј XIV и неговата свита укажувајќи на нивниtе недостатоци во раководењето на кралството.


Најновиот проект на "Медија принт Македонија" (МПМ) и на Ѓурѓа, за збогатување на домашните библиотеки започна на 01.11.2010 година со "Декамерон" од Џовани Бокачо.
Станува збор за избор на лектирни изданија, што се дел од наставната програма по предметот македонски јазик, во основното и средното образование, во нашата земја.
Целта на проектот е да им се понуди можност на најмладите читатели и на тинејџерите, традиционалните вредности, стекнати преку врвната литература, да бидат дел од нивното секојдневие, токму во годините на формирање на нивните личности.
Едицијата опфаќа десет книги кои можете да ги набавите по цена од 100 денари по примерок на сите продажни места на "Дневник", "Вест" и "Утрински весник".


Закачи се на лектира!

01.11.2010 Џовани Бокачо -ДЕКАМЕРОН
08.11.2010 К. Колоди - ПИНОКИО;
15.11.2010 Ј. В. Гете - СТРАДАЊАТА НА МЛАДИОТ ВЕРТЕР;
22.11.2010 Густав Шваб - НАЈУБАВИТЕ МИТОВИ;
29.11. 2010 Џек Лондон - ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА;
06.12.2010 Жил Верн - 20.000 МИЛЈИ ПОД МОРЕТО;
13.12.2010 Лав Н. Толстој - ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ И ГОЛЕМИ;
20.12.2010 Езоп, Ла Фонтен, Крилов - БАСНИ;
27.12.2010 Р. Л. Стивенсон -ОСТРОВОТ СО СКРИЕНОТО БОГАТСТВО;
30.12.2010 Е. А. По - ГАВРАНОТ И ДРУГИ ПЕСНИ



#