Македонскиот веќе четири години е „државен јазик“
Само во извештаите во 2005 година, кога Македонија го доби кандидатскиот статус, и во оној една година подоцна, во 2006 година, Европската комисија јазикот во земјава го именува како македонски јазик. Од 2007 година до денес т.е. во четири последователни извештаи на ЕК за земјава, во деловите каде што се реферира и се спомнува македонскиот јазик Комисијата го користи терминот државен или официјален јазик.
Во 2007 година употребата на „македонски јазик“ во документите на ЕК беше проблематизирано од страна на Грција, по што Комисијата престана со таквата практика. Реагирањето на употребата на „државен јазик“ во извештаите на ЕК доцни четири години по реалната употреба на заменската форма за македонскиот јазик од страна на Брисел. (Т.Г.) |