Македонец пронајден мртов во Пула

Педесет и двегодишен македонски државјанин, чиј идентитет не е соопштен, завчера е пронајден мртов на улица кај аеродромот во Пула, Хрватска. Според тамошнитемедиуми, покрај телото на нашинецот бил пронајден велосипед, поради што полицијата се сомневала дека станува збор за сообраќајна несреќа. Но, докторите утврдиле дека велосипедистот починал од срцев удар. (Г.А.)

#