Продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“

По налог на Градежната инспекција на Општина Центар вчера продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен булевар. Објектот што беше од привремен карактер се урива заради реализација на Детаљниот урбанистички план, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. За истата цел летово се урнаа и угостителскиот објект „Врти сучи“, автосервисот за миење возила, а наскоро ќе мора да се урне и дисконтот на „Тинекс“. Од Центар вчера не знаеја да кажат кога истекува рокот за целосно расчистување на локацијата. Сепак, објаснија дека тоа треба да го сторат во најбрз можен рок, додека Министерството за транспорт и врски распише тендер за продажба на земјиштето. (Дс.Т.)