Грција на работ од банкрот
За Грција да избегне стечај Европа треба да ја спаси, советуваат аналитичарите. Во Атина се затвораат банки на кои со графити пишува „крадци на должничката криза“. Се зголемуваат и каматите по кои се задолжува Грција со обврзници. Прашањето со кое се соочува Европа не е дали Атина има политичка волја да ја намали потрошувачката и да ги зголеми даноците за да се намали буџетскиот дефицит, туку дали Грција ќе остане без пари пред да добие можност да го направи тоа. |