ЛДП: Криминалот да се гони според процедура

ЛДП ги поддржува сите постапки за санкционирање на затајувањето данок, перењето пари и другите форми на финансиски криминал, но укажува дека тие мора да се водат со целосно почитување на сите пропишани процедури, се наведува во соопштението од партијата.

Според ЛДП, во случајот со Рамковски и управителите „постапките се контаминираат со сериозни процедурални пропусти, доведувајќи го во прашање кредибилитетот и вистинската цел на поведените постапки“. Од ЛДП бараат спроведувањето на постапките на надлежните органи на ниту еден начин да не го загрози слободното функционирање на медиумите, кои се во сопственост на Рамковски.


#