17.09.2012, 15:11 Мејсон ново засилување во Работнички?
Станува збор за 31-годишен кошаркар кој може да одговори на бековската позиција
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички е на добар пат своите редови да ги засили за Американецот Честер Мејсон (184 см). Станува збор за 31-годишен кошаркар кој може да одговори на бековската позиција. Мејсон минатата сезона настапуваше за Алт-Кувајт, а претходно бил дел од екипите на Широки и Задар во Аба Јадранската лига каде што во 2010 година беше избран за најкорисен играч.
Според управата на клубот, преговорите се во завршен тек и деновиве се очекува тој да пристигне во Скопје каде што прво ќе одработи неколку тренинзи и ќе оди на редовните лекарски прегледи. Американецот се очекува да биде дел од тимот на Работнички за претстојното гостување на меморијалниот турнир „Слободан Пива Иваковиќ“, кој секоја година традиционално се одржува во Белград. (М.К.)
|
|