Душко Груевски наскоро прв човек на „Ер-лифт“

Поранешниот прв човек на МАТ, Душко Груевски, ќе биде нов директор на „Ер-лифт“, авиокомпанија во сопственост на туроператорот „Скај вингс“. Оваа информација вчера ни ја потврди Груевски, но тој потенцира дека само неколку дена е во „Ер-лифт“ и тоа како заменик-директор, а се очекува да стане прв човек на авиокомпанијата откако ќе достави програма за развој на компанијата. Оваа авиокомпанија пред неколку месеци доби дозвола да биде редовен авионски превоз на линиите на кои лета. Што се однесува до Груевски, тој до 2006 година раководеше со МАТ, по што беше сменет. МАТ лани отиде во стечај, оставајќи зад себе огромен долг. Македонскиот авиопревозник остана приземјен, бидејќи домашните воздухопловни власти оценија дека има технички и финансиски проблеми.

Во меѓувреме, на пазарот се појави нова авиокомпанија „Мат ервејс“, зад која стојат српската „Контики травел“ и „Метрополитен инвестмент груп“. Тие негираа секаква поврзаност на поранешниот МАТ со сегашниот. (С.М.)




#