Марадона го протера Меси од тренинг
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите светски играчи во моментот, Лионел Меси (23), пропушти еден од тренинзите на националниот тим поради настинка, но очекува да биде подготвен за денешниот дуел во Кејптаун против Германија (16 ч.) во четврт-финалето на Светското првенство во Јужна Африка.
„Меси не тренираше во четвртокот. Се појави на тревникот, но селекторот Марадона го врати назад во кревет. Меси има настинка, но не и температура“, изјави службен претставник на Аргентинската фудбалска федерација. |