Заборавате дека народот дава и зема власт?
Ристе Ташковски
Да, како што гледаме и слушаме, се отвориле многу приватни болници. Поединци се фалат за европскиот стандард, прием, престој во нив. Но, се прашувам дали со сегашниот стандард можат повеќето граѓани да си го дозволат тоа?! Што е со граѓаните што земаа социјална помош, а благодарение на одлуката на Владата, останаа и без таа мизерна помош?! А, што е со сите оние други категории луѓе што едвај крпат крај со крај?! Дали и тие можат да си го дозволат тоа?! Секако не!
Тоа, всушност, значи дека и „автопатот“ во здравството за кој зборуваше министерот, по кој пациентот треба да помине до остварување на своето уставно право, е полн со дупки и кривини.Така што ако и' погледнеме на вистината в очи, „автопатот“ е за обичниот смртник - граѓанинот, а хелиодромите се за оние што се фалат со здравствените и другите реформи. Затоа, порака и до нив, престанете да „работите“ во интерес на граѓаните само декларативно. Помислете дека и ние обичните граѓани сме дел од ова општество.
Не заборавајте! Ние ве носиме, но и ве симнуваме од власт. Не бидете себични. Сите имаме потреба од здраво општество и здрава нација! |