Жена се самоуби пред Битолскиот театар

БИТОЛА - Средовечна битолчанка вчера среде бел дел се самоуби пред влезот на театарот и Центарот за култура во Битола. Скокајќи од височина од 3 до 4 метри од службениот влез на центарот во преминот на магацинот, жената од здобиените повреди почина на пат кон болницата. Вработени во Центарот за култура и во театарот велат дека жената извесно време се врткала пред вратите на објектот и само што намалила фреквенцијата на минувачи, оставајќи ги своите влечки на патеката, се качила на металната ограда и скокнала на бетонската подлога. И покрај брзата интервенција на лекарите, тие само констатирале смрт. (А.Б.)


#