Да се направи важна испила солна киселина
ГОСТИВАР - Велешанка за да се покаже силна, издржлива и храбра пред пријателите во Гостивар испила поголема количина солна киселина.
Храброста и перчењето за малку 28-годишната С.З. од Велес ќе ја чинеше живот. Настанот на кој сакала да покаже колку е силна се случил завчера околу 20 часот. Велешанката, која меѓу гостиварци е позната дека ги извршува и најтешките работи во градежништвото, испила поголема количина солна киселина. Веднаш потоа и' се слошило и се струполила на подот. Пријателите, пред кои ја демонстрирала храброста, ја однеле во гостиварската болница и по укажана лекарска помош и по неколкучасовен престој во болницата, била пуштена дома. (К.К.) |