Македонската агенција пишува на бугарски
Македонската информативна агенција (МИА) вчера објави вест за меѓународна конференција во Солун, што и не би била ни вест да не беше насловот напишан на бугарски. Иако МИА има сервис на англиски јазик, па користењето на други јазици не е табу, објавувањето вест на бугарски јазик од државна агенција на македонскиот сервис е гаф рамен на тој со македонскиот јазик во ОН или „државниот јазик“ во извештајот на ЕУ. По грешка или не, веста на МИА со бугарскиот наслов преживеа цел ден и не беше повлечена од агенцијата. (Н.Р.) |