30.12.2011, 10:58 Бадник неработен за православните, првиот ден на Божик за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 6.1.2012 (петок), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7.1.2012 година (сабота), првиот ден на Божик според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед и Божик на сите граѓани на Република Македонија.
|