Задоволство
Која е тајната на женскиот оргазам?
Американските научници прв пат снимија што се случува во женскиот мозок во моментот на најголемо задоволство
Откриена е тајната што точно се случува во женскиот мозок додека трае оргазмот- станува збор за истовремено активирање дури на 30 различни дела од женскиот мозок, вклучувајќи ги и оние што се одговорни за емоции, допири, уживање, задоволување и сеќавање. Тимот од научници на чело со психологот Бери Комисарук од универзитетот „Rutgers“, во Њу Џерси, објави дека женскиот оргазам произведува многу екстензивен одговор во мозокот и во телото. Во 10-15 секунди траење тој може да се повтори неколкупати, во мали растојанија.
Ниско либидо
Жените имаат подолги оргазми од мажите. Мажот е во оргазам најмногу шест секунди.
Американските научници замолија осум жени да се самозадоволуваат додека лежат под ќебе, а активноста на нивниот мозок ја снимаа со помош на магнетна резонанца, апарат што најчесто се користи за да се открие тумор на мозок.
Пет минути за оргазам
На повеќето од жените им биле потребни помалку од пет минути да доживеат оргазам, на други, пак, им требало и по 20 минути. Резонанцата на секои две секунди снимала што се случува во нивниот мозок, со цел да се дознае кои делови се активни за време на доживувањето оргазам.
Научниците откриле дека две минути пред оргазмот центарот за задоволство станува активен. Инаку, тоа е подрачје што се активира кога јадеме и пиеме. Малку пред постигнувањето на врвот паралелно биле зафатени и останатите делови од мозокот како сензорниот кортекс. На тој начин научниците прв пат можеле да ја реконструираат прогресијата на активирањето на разни делови во мозокот, во фази.
Сложен процес
Штом почне оргазмот се активираат деловите во мозокот што се одговорни за емоции. Последен се активира хипоталамус, „контролен“ дел на мозокот што ги регулира температурата, гладот, жедта и заморот. Во исто време се активира уште едно подрачје одговорно за уживање, како и делот одговорен за меморија.
„Ги замоливме жените да мастурбираат и потоа да ги кренат рацете кога се во оргазам. Некои од нив креваа раце неколку пати за само неколку секунди! Тоа е доказ дека жените имаат подолги оргазми и оти можат да доживеат неколку во кратко растојание“, објасни Бери Комисарук.
(Јутарњи лист) |