Го пробол со нож и побегнал

Полицијата трага по 17-годишен албански државјанин, кој завчера со нож прободе 16-годишно момче од Гостивар. Според МВР, инцидентот се случил во интернатот „Браќа Миладиновци“ во Струга, по расправијата меѓу двајцата тинејџери. Малолетникот од Албанија извадил нож и го пробол гостиварецот, кој е пренесен во струшката болница. (Г.А.)