Планинарката им подлегна на повредите

Елена Костовска, осумнаесетгодишна планинарка од Битола, која падна во амбис длабок четириесетина метри во месноста Шишвески Дол, кај Матка, во саботата околу 22 часот им подлегна на тешките повреди. По паѓањето девојката беше извлечена со хеликоптер на МВР и пренесена на Клиниката за анимација и реанимација - КАРИЛ во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата и натаму презема активности за утврдување на околностите во кои се случила несреќата. (Љ.С.)