Гордана Нестеровска,

психолог во ОУ "Јоаким Крчовски"



Работната недела, поточно понеделник, е во знак на подготовка на извештаите за крајот на година. Инаку, денес од кошаркашкиот камп ми доаѓа синот Јован, а другиот син, Петар, ќе ни се придружи в среда, па сум малку возбудена. По овој убав семеен настан, доколку имам време, ќе пијам кафе со пријателките, сите психолози и сите со иста домашна адреса - Карпош.



Александар Масевски,

композитор

Наутро пијам кафе и ги завршувам новите синглови на Сања Лефкова и Иле Спасев и тоа веројатно ќе трае цел ден. Потоа со мојата девојка ќе одат на вечера во некој добар скопски ресторан. Убава атмосфера за топла летна вечер. Знам дека ќе заспијам гледајќи филм.





Кристијан Ѓоргијески,

техничар

И овој ден е многу сличен на претходните - исти обврски на работа во фотокопирницата, кафе и освежување во меѓувреме. Иако одморот ми е во август, попладнево сигурно ќе разгледувам атрактивни дестинации на Интернет за да изберам каде да ги поминам тие две седмици. Вечерта ја поминувам во друштво на пријателите.