Полицаец загина во сообраќајна несреќа

Сообраќаен полицаец од Битола загина во сообраќајна несреќа пред влезот во селото Горно Оризари. Според портпаролот на СВР - Битола, Ѓоко Стрезовски, незгодата се случила на влезот во Битола од правец на Прилеп. Битолчанецот Димче Штрковски (54) се движел пеш, а во него удрил автомобил „киа“, управуван од жител на село Крклино. По директниот удар, пешакот Штрковски се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место. (Х.Р.)