Почина Пепи Бафтировски

По тешко и долго боледување, не успевајќи вечното почивалиште да му биде родната земја, на Велипеток во Чикаго, почина доајенот на македонската фолк-песна, Пепи Бафтировски. Пепи почина во Америка, каде што престојуваше последните неколку години во 66 година од животот. Мечтаеше да се врати во Македонија, во стариот крај, и уште еднаш да испее песна за земјата што толку многу ја сакаше. Голем е опусот на Бафтировски, а песните на кои тој со својот глас им даде посебна лирика ќе останат запишани во македонската фолк- антологија: „Сине мој“ (Валандово 1987), „Само една песна “, „Ако згрешам“. (В.Т.)