Прванов: „Пиринска“ додавка за Македонија

Бугарскиот претседател Георги Прванов изјави дека Бугарија би поддржала каков било компромис во спорот за името на Македонија, но потрагата по име во географски рамки би можела да предизвика тензии во Бугарија, јави вчера приватниот канал БТВ. „Јас ќе дадам пример за тоа што се дискутираше неодамна. Имињата како што се ’Јужна‘ или ’Горна‘ Македонија треба да се коментираат во контекст дека географски таа територија е дел од бугарската Пиринска Македонија. Се наметнува прашање што ќе каже бугарското население што живее во таа област. Но, да дозволиме нашите пријатели (Македонија и Грција) да најдат заедничко име. Ние, Бугарите, ќе најдеме начин да го изразиме нашиот конструктивен став за прашањето“, изјави Прванов. (Н.Р.) |