17.09.2012, 13:58
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт



Принцот Вилијам го поистоветил овој случај со случувањата кои доведоа до смрт на неговата мајка, принцезата Дајана, па одлучил по секоја цена да ја заштити својата сопруга

Италијанскиот магазин „Ки“ објави специјал на 19 страници со 18 необјавени разголени фотографии на принцезата Кејт, под наслов „Кралицата е гола“. Главниот уредник на овој магазин Алфонси Сињорини вели дека ни јавување од кралицата не би го запрело објавувањето на папарацо - фотографиите на Кејт Мидлтон.

Принцот Вилијам го поистоветил овој случај со случувањата кои доведоа до смрт на неговата мајка, принцезата Дајана, па одлучил по секоја цена да ја заштити својата сопруга.

Издавачката куќа „Мондадори“, која е во сопственост на семејството Берлускони, во француското издание на магазинот „Клосер“ објавила неколку фотографии на идниот кралски пар, на која принцезата има разголени гради, а по тужбата на кралското семејство, уште попровакативни фотографии најави италијанскиот таблоид.

Уредникот на магазинот „Ки“, Антонио Сињори изјавил дека не се плаши од тужба во Италија, зашто фотографиите се направени на јавно место, без нарушување на приватноста.

- Тие слики не се навредливи и не се производ на лош вкус, ниту морбидни и не нарушуваат ничие достоинство, како на пример, фотографиите на принцот Хари, објавени во Британија - изјавил Сињори.

Од друга страна, изнервираниот принц Вилијам, најмногу би сакал да ги види зад решетки оние кои се одговорни за превземање и објавување на фотографиите на неговата сопруга. Тoј се почувствувал навреден и поради тоа што папараците трчале по неговата мајка, принцезата Дајана, кој бегајќи од нив и загинала, па одлучил да ја заштити Кејт, ветувајќи и' дека нема да ја доживее истата судбина.