ОКСАНА ГРИГОРИЕВА
Мел Гибсон ме малтретираше!
Само еден ден откако Мел Гибсон побарал судска забрана за приближување за бившата девојка Оксана Григориева, фаталната Русинка го направила истото тоа, со тврдењата дека актерот ја малтретирал и ја тепал. Исто така, Оксана ги демантирала тврдењата на Гибсон дека од него сака само пари, зашто, како што вели за лондонскиот „Меил од сандеј“, никогаш не и' дал ниту паричка.
„Живеам со помош на кредитни картички и зајмени пари. Се наоѓам во ни малку завидна ситуација“, тврди Русинката, која со холивудскиот актер има седуммесечна ќерка. „Не ми дал ни пара. Апсолутно ништо, а покрај тоа, раскажува лаги за мене. Сакав да бидам достоинствена и да ја задржам почитта кон таткото на моето дете, но ова што го прави тој е многу сурово“, вели Оксана.
Освен што не и' дал никогаш пари, Гибсон својата бивша девојка, наводно, и ја тепал. Целата работа ескалирала во јануари годинава, кога брутално ја претепал. Иако таа останала со него во врска се' до крајот на април, сега тврди дека му го простила малтретирањето, само затоа што ветил дека ќе се смени и ќе побара помош. Бидејќи не дошло до тоа, двојката се разделила, а сега еден на друг си бараат забрана за приближување. |