Web Special

Новинарот Танески си го одзеде животот во Тетовскиот затвор

Танески, кога заспале тројцата цимери во ќелијата, неофицијално, се самоубил давејќи се во кофа со вода

Кичевскиот новинар Владо Танески кој беше приведен за убиство на неколку жени во градот, синоќа си го одзел животот во Затворот во Тетово.

Како што дознаваме, Танески ја искористил шансата, кога заспале неговите тројца цимери во притворската ќелија и се самоубил давејќи се во кофа со вода. Токму во истата положба бил пронајден и утринава од страна на останатите притвореници и чуварите кои го забележале безживотното тело на новинарот, чија глава била потопена во кофата со вода. 

Затворски работници објаснуваат дека вообичаена пракса е кога ќе бидат приведени лица за тешки кривични дела, како што беше последниот случај со сериоскиот убиец, да не бидат оставани сами во затворските келии, токму поради нагонот да си го одземат животот. Затоа и Танески бил сместен во притворот заедно со уште тројца цимери.

Танески беше хонорарен дописник на „Нова Македонија“ а извесен период работеше и за „Утрински весник“. Истражни екипи од Гостивар утринава извршија увид. Истрагата за случајот е во тек. (Х.Р.)