Што прават денеска
Драган Мијалковски
пејач
Деновиве влегувам во ритам со работните обврски во ДКЦ „Карпош“, кој за среќа, си течат уредно. Се' уште дум обземен од празничното расположение, но повеќе и од радоста за новата внука Лара, која се роди на 20 декември минатата година. Сега сето слободно време и расположение ми го „диктираат“ внуките, 2-годишната Леона и Лара. Посакувам Новата година на сите да им донесе многу радости.
Александар Билјановски - Дадар
стилист
Работната Нова 2011 ми започнува со убави обврски. Денеска со другарка ми Живкица истражуваме за нејзиниот невестински фустан, за свадбата што ја подготвуваат за крајот на јануари. Успехот од „истрагата“ ќе си го наградиме со убав ручек. Во салонот „Мое студио“ во поновогодишниот период ме очекуваат повеќе административни обврски отколку клиенти.
Данило Коцевски
писател
За денес веќе имам договорено средба со пријателите, со кои се подготвуваме за прослава на божикните празници, т.е. најмногу за Коледе. Во текот на денот имам обврска да поминам во Старата скопска чаршија заради подготовката на теми за мојата колумна. Искуствата од денот ги сумираме во „Наргиле“. |