ЈСП ќе стопанисува со жичарницата

Со жичарницата на Водно ќе стопанисува ЈСП. Министерството за транспорт и врски најнапред ќе му ја додели на Градот Скопје, а потоа советниците со одлука ќе му ја доделат на ЈСП. Ова и официјално ќе биде направено откако жичарницата ќе биде готова и ќе биде извршен технички прием.

Мишо Николов, прв човек на ЈСП, ја потврди информацијата дека веќе е разговарано претпријатието да стопанисува со жичарницата. Една од причините е што ЈСП имало доволен број машински инженери и технички персонал кој може да ја одржува. Ваквата идеја била иницирана од примерот на Загреб, каде што загрепското јавно сообраќајно претпријатие стопанисува со жичарницата на Слјеме. (Сн.К.)


#