Што прават денеска

Зоран Алексов

градоначалник на Штип

По успешниот престој во Австрија со цел подигнување на нивото на информатички услуги во општина Штип, денес ме очекуваат состаноци со неколку делегации. Финалните подготовки за утрешната седница на Советот на Општината се дел од денешната агенда. Присуството на крводарителската акција во организација на штипската ЛС е неминовно. Крајот на денот го минувам со семејството.

Перихан Туна

актерка

Утринава патувам за Битола каде што имам снимање на новата серија „Балканска свадба“. Штом завршам со сцените се враќам за Скопје, каде што во 18 ч. во Турскиот театар имам проба за претставата „Жени на власт“ од Аристофан, чија премиера ја подготвуваме за 2 октомври.

Ламбе Алабаковски

пејач

Утрото ми почнува во Битола, со рано станување и трчање барем шест километри. Потоа ги средувам документите за купување нов автомобил и некое време од денот се упатувам кон Скопје. Вечер имам проба за настапот на годишнината на ТЦ „Соравија“, што ќе се случи в сабота, на 3 октомври.

 


#