Хороскоп
ОВЕН
Полни сте со енергија, а пред вас се многу нешта, кои ќе ги реализирате со леснотија. Концентрирани сте на самите себе, а задоволството го наоѓате во секој момент. Имате јасна цел, а и среќата е на ваша страна. Сменете го статусот во согласност со ситуацијата во која се наоѓате.
БИК
Иако резултатите не се забележителни, не откажувајте се. Упорни сте, спремни за акција и со ентузијазам влегувате во сите потфати. Бидејќи подзаборавивте на спортот, добро би било малку да се потсетите. Размислувањата за странство се моментално без основа.
БЛИЗНАЦИ
Се постигнувате благодарение на силната волја. Се наоѓате во фаза на борба за опстанок, која бара истрајност и јасна цел. Доколку ја немате целта пред себе, мора итно да си ја поставите. Поведете поголема сметка за сопствените слабости.
РАК
Ве очекува исклучително богат друштвен живот. Врските што ги воспоставувате може да бидат од големо значење за натамошните случувања во вашиот живот. Не откажувајте се зашто овој пат сте навистина во право.
ЛАВ
Бидете внимателни и не дозволувајте некои убави можности да ви минат пред очи. Астрологијата има задача да ве посоветува, а не да ја предвиди вашата иднина, на која сте креатор исклучиво самите. Колку ќе ја искористите методичноста - зависи повторно од вас.
ДЕВИЦА
Вам ви е барем лесно! Имате толку голема самодоверба, изгледате смирено и поседувате енормна количина на креативна енергија. Единствен проблем е што сте најпаметни, а тоа и' пречи на вашата околина. Лавовите се ваша идеална комбинација.
ТЕРЕЗИЈА
Уживате во секој момент! Деновите ги започнувате со кафе и планови врзани со семејството. Во овој момент партнерот е тој што е главен во домот и е одлична поддршка на блиските. Доколку не сте свесни за овој факт, ќе си создадете непотребни проблеми.
СКОРПИЈА
Скорпиите ја чувствуваат радоста на живеењето, лесно се приспособувате кон секоја ситуација и се' им е по волја. Од каде сево ова? Најверојатно го најдовте сопствениот мир или, пак, партнерот ви помогна подобро да се чувствувате. Штом ви е вам добро, добро им е и на луѓето околу вас.
СТРЕЛЕЦ
Ќе решите некои парични проблеми, ќе множите и ќе делите, и на крајот ќе сфатите дека сте во позитивна нула. Доколку се нервирате, не сте во право, но најважно е дека не сте во минус. Иако приватниот живот ви е богат - желбата за повеќе пари доминира.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете поенергични и поимпулсивни од кога и да било претходно. Некој ве принудува на акција, но истовремено и ве тестира. Пожелно е да реагирате промислено во наредните денови и да одбегнувате носење брзоплети одлуки.
ВОДОЛИЈА
Не сте расположени. Сакате удобност, се повлекувате во својот свет и станувате мистерија за останатиот свет. Доколку негативно му пристапувате на животот, ќе привлечете и такви настани. Затоа треба да се вооружате со оптимизам.
РИБИ
Подготвени сте несебично да им помогнете на луѓето околу вас, но некој ја саботира вашата мисија. Ќе се побуните против факторите што ве ограничуваат. Ја сакате слободата и се' што постигнувате го правите исклучиво со сопствен труд.
|