ЕН ДЈУМАН СОЕТЕРО

Мајката на Обама позирала гола во 50-тите

На многу Интернет-портали од пред некој ден можат да се најдат фотографии на голата Ен Дјуман Соетеро, мајка на американскиот претседател Барак Обама. Фотографиите датираат од 50-тите години. Разголената мајка на Обама позирала пред непознат фотограф, најверојатно во дневната соба од семејната куќа на Обама.



Лежела гола на подот, била клекната на фотелја, гордо покажувајќи ги своите облини со заводлив поглед. Тие фотографии, наводно, во тоа време ги објавиле неколку еротски списанија. Ниту официјален Вашингтон, ниту американската опозиција не сакаа да ги коментираат овие фотографии. Може да се заклучи дека Обама поради тоа повеќе бил приврзан кон неговата баба, отколку кон мајка му.