18.09.2012, 13:23
Нова смртна закана за Јанез Јанша



Словенечкиот премиер Јанез Јанша доби нови смртни закани, овој пат преку социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што беше објавена порака со која се повикува на „отстранување на премиерот“.

Новите смртни закани стигнаа откако вчера портпаролот на словенечката полиција потврди дека се прават напори за собирање и оценување на информациите со цел да се одреди нивото на безбедност на премиерот.

Во саботата на фејсбук-страницата „ЈакаЈакаЈака“ беше објавена порака дека Јанша мора итно да биде отстранет од словенечката политичка сцена бидејќи тој само му нанесува штета на словенечкиот народ.

На истата страница беше објавено и „смрт за Јанез Иван Јанша, словенечко глувче и уништувач на словенечкото помирување“.

Смртната закана е најнова во серијата слични пораки упатени кон Јанша, откако во почетокот на годината ја презеде функцијата премиер на Словенија.