13.06.2012, 17:25

Се урива натстрешницата од која настрада двокатниот „57“

Работници вчера го доуриваа ѕидот на зградата на улицата „Даме Груев“ во кој минатата недела се заби двокатниот градски автобус „57“. Интервенцијата на објектот, како што информираа од Општина Центар, се должи на барањето на ЈСП, со цел да не се повтори случката од минатата недела. Истовремено, уривањето на издадениот дел од зградата во форма на натстрешница, ќе значи и загарантирана безбедност и за камионите и другите тешки возила, кои повремено минуваат по оваа улица. (Дс.Т.)