Хроника
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Анка Андонова (70 години) и нејзината 44-годишна ќерка Снежана Чекреџиева, синоќа се пронајдени мртви во стан на ул. "Вич" во Карпош 4.
Како што соопштуваат од СВР Скопје, мајката и ќерката неколку дена не биле видени од соседите по што го пријавиле случајот.
Полицијата заедно со претставници на куќниот совет насилно влегле во заклучениот стан и ги пронашле телата на двете мртви жени.
Од увидот е констатирано дека телата немале траги на насилство, а обдукцијата треба да покаже како настанала смртта на мајката и ќерката кои живееле сами во станот.
Соседите информираат дека мајката и ќерката воделе осаменички живот, скоро и да не излегувале од домот, кој безмалку личел на депонија.
|