Фонтаната на плоштад се гради турбо
Градежните работи на плоштадот „Македонија“ течат со забрзано темпо. Секојдневно интензивно се гради фонтаната, и покрај високите температури и топлото време. Брзата изградба на фонтаната е услов што побрзо да се постави и големиот 22-метарски споменик на Александар Македонски во нејзиниот центар. По завршувањето на изградбата на фонтаната, на нејзините рабови стојат четири бронзени лава, како и осум триметарски бронзени војници. Околу големата фонтана ќе има и скали преку кои ќе се доаѓа до плато поблиску до споменикот и до војниците. (С.Н.)
|