„Њујорк Тајмс“
Македонија игра на своето славно минато
24.06.2011, 15:27
Светски угледниот весник „Њујорк Тајмс“ во статија за поставениот споменик „Воин на коњ„ која се најде на насловната страна на ова печатено издание кое се дистрибуира на сите светски континенти пишува дека земјата сака да ја унапреди тезата дека таа е камен-темелникот на Западната цивилизација.
Во текстот насловен „Македонија игра на своето славно минато“, сите соговорници на „Њујорк Тајмс“ со воодушевување го коментираат поставувањето на оваа гламурозна скулптура, освен Владимир Милчин кој има негативно мислење околу поставувањето на „Воинот на коњ“.
Во очите на многумина овде, соседите постојано вршат силеџиство врз малата балканска земја и тоа веќе многу долго време.
Бугарите го гледаат народот во Македонија како бугарски, кој говори на акцент. Србија упорно одбива да го признае постоењето на Македонската православна црква. Грција, пак, ја обвинува земјата за крадење на нејзиното име, историја и национални симболи.
Неделава Македонија го возврати ударот.
Во прецизно калибриран приказ на политиката и градежништвото, беше подигната 14,5 метри висока бронзена статуа на Александар Велики Македонски, тешка 30 тони, сместена на 15-метарски висок пиедестал на централниот плоштад во срцето на Скопје, главниот град на Македонија.
- Ова е начин Македонија да го афирмира своето национално постоење изјавил за „Њујорк Тајмс“ Василики Неофотистос, антрополог од њујоршкиот државен универзитет во Бафало, кој ја проучува политиката на идентитетот во Македонија.
Македонија сака да ја унапреди тезата дека таа е камен-темелникот на Западната цивилизација. Ова не е само философска дилема. Македонија е заглавена во еден од најтешките меѓудржавни спорови во пост-комунистичкиот свет: Грција ја држи во меѓународно заложништво веќе 20 години, бидејќи тврди дека со името Македонија се врши присвојувањето на хеленскиот идентитет и на нејзината северна провицнија со исто име. Македонија, земја со два милиони жители и невработеност од 31 отсто, бара само меѓународно признавање.
- Ние сме горди на Александар. Конечно, нашиот Александар се врати во својата татковина - вели Петко Божиновски (48), кој на денот на подигањето на споменикот носеше црна маичка со македонското национално знаме, и беше еден од многубројните насобрани, кои со аплауз го поздравија поставувањето на монументалното и грациозно здание.
Проектот е многу котнроверзен-чини 9,4 милиони евра. Но, некои нешта се бесценети, велат поддржувачит��.
- Ако го изгубиш својот идентитет, тогаш си никој и ништо - вели 32-годишниот етнограф Александар Ристевски.
На Македонија и беше ветена покана за членство во НАТО во 2008 година, но нејзиниот влез во Алијансата беше спречен со вето од Грција, поради нерешениот спор со името. Во 2005 година, Македонија стана и кандидат за членство во Европската унија, но поради грчкиот отпор се уште нема добиено датум за отпочнување на пристапните преговори.
- Зошто би го смениле нашето име поради Грција? - прашува Алекс Трајановски, пензиониран дипломат, кој вели дека Македонија е призната под своето уставно име од 135 земји во светот.
- Никаква Европска унија не е вредна за да си го смениме името, е ставот на Зоран Илиев, граничен полицаец.
Грција е еднакво тврдоглава. Во вторникот, додека грчкиот парламент дискутираше за гласање на доверба на владата, Ставрос Ламбринидис, министер за надворешни работи, на пратениците им рече дека споменикот е главна поента на надворешната политика, „провокација“ која го разгорува „иредентизмот, најголемата закана за Балканот“. Според Ламбридис, Грција предложила решение за името со географска одредница. Министерот за надворешни работи на Македонија, одбива да коментира. Кога Македонија прогласи независност од СФР Југославија во 1991 година, Атина веднаш протестираше поради името и знамето на земјата, обвинувајќи ја новата држава за територијални претензии кон Грција и за обиди за сепарација на античката македонска цивилизација од хеленистичката култура.
Атина одби да го признае својот северен сосед и му воведе ембарго. Двете земји во 1995 година потпишаа времена спогодба, според која Македонија меѓународно ќе се идентификува како Поранешна југословенска република. Во замена за тоа Грција го укина ембаргото, го призна привременото име и се согласи да не го блокира членството во меѓународните институции. Речиси 16 години подоцна, двете страни се уште преговараат за ново име.
Навестуваат дека може да се разгледа предлог со географска одредница, како Северна Македонија – фаворизиран од Грција, или Македонија (Скопје), кој им се допаѓа на Македонците. Во меѓувреме, Македонија покрена процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, против Грција, обвинувајќи ја за прекршување на времената спогодба од 1995 година. Се очекува одлуката на судот да биде објавена во септември, годинава.
Споменикот на Александар Македонски е дел од контроверзниот фејс-лифтинг на Скопје, град чие старо централно подрачје било уништено во силен земјотрес во 1963 година. Целиот проект опфаќа изградба на 15 нови објекти, реновирање на стари и една Трумфална порта.
Според информациите на Владата од 2009 година, сето тоа ќе чини околу 80 милиони евра, но опозицијата тврди дека износот ќе биде многу повисок, односно околу 200 милиони евра. Засега нема официјални податоци за сумата. Владата на премиерот Никола Груевски го именуваше „Александар Велики“ и аеродромот во Скопје. Спортскиот стадион доби име „Национална арена Филип Втори“. Инаугурацијата, пак на монументалниот споменик на Александар се очекува да биде на денот на независноста на Македонија - 8 Септември.
- Овој обид за обновување на македонската нација, дефинитивно ги уништува шансите за компромис со Грција“, тврди Владимир Милчин, извршен директор на фондацијата Институт за отворено општество.
Тој потенцира дека еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле, изградбата на споменикот ја нарекол „провокација“ и за прв пат сугерирал оти Македониија наместо напред почнува да се движи назад. Но, ниту Милчин, ниту пак еден западен дипломат, кој инсистираше на анонимност, не мислат дека ова ќе го предомисли премиерот Никола Груевски.
-Тој само долева гориво на својата моќ и се замислува дека е последниот и единствен бранител на македонското име, идентитет и култура“, тврди Милчин.
Политиката за македонскиот идентитет дополнително е искомплицирана од немирната 25 отстотна албанска популација во земјата. Во 2000-та година, етничките Албанци формираа Ослободителна национална армија и предизвикаа вооружен конфликт со македонските безбедносни сили, кој траеше шест месеци.
Рафиз Алити, поранешен борец на ОНА, а потоа претник и заменик претседател на македонскиот парламент, вели дека проблемот со името ги загрижува Албанците бидејќи „нема просперитет, безбедност и странски инвестиции“.
- Мамецот на македонската наука се зголеми во последниве години. Александар помогна да се поттикне нацијата против траумата на слободниот ��азар, политичките судирања и независноста, вели Паско Кузман, археолог од министерството за култура.
-Александар го покорил светот, додава тој и вели „би се откажале ли вие од нешто такво? Не верувам!“.
(Текстот е интегрално пренесен од весникот “Њујорк Тајмс“)
|