Зелен картон и осигурување

Од вчера АМСМ започна со 24-часовно работно време. Од оваа компанија соопштуваат дека граѓаните ќе можат во АМСМ во Скопје и на граничниот премин Богородица 24 часа на ден да извадат полиси од сите осигурителни компании, зелен картон, меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство. (Ек.Р.)


#