Награда за животно дело за Тоше Проески

На интернационалниот музички фестивал „Сунчане скале“, што започнува денеска, а ќе трае до 9 јули во Херцег Нови, наградата за животно дело оваа година постхумно ќе ја добие трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески.

За време на фестивалските денови на Канли кула ќе се соберат учесници од дури 13 земји, а традиционално како и секоја година ќе се одржат три вечери. Првата (7 јули) ќе мине во знакот на доделувањето на „Принчевите награди“ во 16 категории, при што меѓу номинираните се наоѓа и македонската пејачка Елена Ристеска во категориите - албум на годината и најдобра женска интерпретација, како и Тијана Дапчевиќ и Владо Јаневски, кои се натпреваруваат во категоријата дует на годината. Утрешната вечер (8 јули) ќе им биде посветена на новите ѕвезди на музичката сцена, а македонски претставник е Игор Митровиќ, кој ќе пее песна на Владимир Дојчиновски и Весна Малинова - „Заувјек“, додека финалето (9 јули) е резервирано настап на главните ѕвезди во т.н. вечер „Песна на летото“. Покрај Маја Оџаклиевска, групата „Луна“, „Бјути квинс“..., како единствен претставник од Македонија ќе настапи Марјан Стојановски, кој ќе ја изведе темата „Доцна е“, што ја напишаа Григор Копров, Огнен Неделковски и Владимир Дојчиновски.

Главната награда на фестивалот е 10.000 евра и автомобил „киа“, додека втората и третата изнесуваат 3.000, односно 2.000 евра.