Мамутски говор на Вељаноски во Торонто

Делегацијата составена од пратеници и спикерот при својата повеќедневна турнеја на Канада ги посети црковните општини во црквите „Св. Климент Охридски“ во Торонто, „Св. Димитриј Солунски“ во Маркам, како и „Св. Недела“ и „Св. Илија“ во Мисисага.

Вељаноски, во својот мамутски говор пред иселениците што го заврши со зборовите „Господ да ја чува Македонија каде што пред 2000 години чекорел апостол Павле“, вети дека нема компромис со Грција ако бидат повредени националните интереси на Македонија и дека финалното решение ќе биде изнесено на референдум пред граѓаните. (П.Р.)


#