Ѓоко Танески се посрами пред медиумите во Осло
Со лош англиски јазик, повторување на исти зборови, барање помош на македонски јазик за превод среде интервју, изјава која е на пат да стане легендарна „се чувствувам како риба во Осло“... се кратки црти на интервјуто што го даде македонскиот евровизиски претставник Ѓоко Танески за реномираниот евровизиски сајт „esctoday“. Снимката од интервјуто е поставено на „Јутјуб“ и од завчера е топ-тема на Интернет, а особено на „Фејсбук“. Очигледно, познавањето на англискиот јазик не е посилна страна на Танески, а богами ниту на неговиот рапер Били Ѕвер, кој изјави дека, со оглед на тоа што не знае англиски, ќе зборува на „македониш“. Ѓоко Танески ќе настапи на првата полуфинална вечер на „Евросонг“ што ќе се одржи на 25 мај во арената „Теленор“ во Осло, Норвешка, пеејќи ја темата „Јас ја имам силата“ на македонски јазик. |