Полициски специјалец фатен во кражба
Две лица, од кои едниот е припадник на Специјалната единица за брзо распоредување при МВР, ја извршиле тешката кражба што се случи во петокот на градскиот пазар во Штип. Како што соопшти Снежана Санева, портпаролката на СВР - Штип, осомничените Т.С. и В.Ц. ја следеле К.А., при што Т.С. и' го одзел паричникот. „По одземањето на паричникот, Т.С. веднаш му го дал на В.Ц., инаку припадник на Специјалната единица за брзо распоредување при МВР, при што К.А. е оштетена за 12.500 денари“, вели Санева. Против двете лица е поднесена кривична пријава за извршена тешка кражба на дрзок начин. (МИА) |