Тинејџерка преживеала откако скокнала од втор кат
Средношколка од Куманово се фрлила од вториот кат на средното училиште каде што учела, но, за среќа, преживеала. Претпоставките на полицијата се дека седумнаесетгодишната девојка имала семејни проблеми, поради што и се одлучила да си го одземе животот, скокајќи од околу 12 метри височина. За среќа, тинејџерката преживеала, но со сериозни повреди и скршеници веднаш била пренесена во кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, префрлена е во Ургентниот центар во Скопје. (Ј.К.) |