Број 2860  петок, 12 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

За мали лаптопи, големи 10 млн. евра 

Не се знае колку точно на крајот ќе чини компјутеризацијата на училиштата

Жаклина Хаџи-Зафирова

Уште не е докрај реализиран проектот „Компјутер за секое дете“, а Владата го преклопи со уште еден проект, за набавка на лаптоп-компјутери за основците и за професорите. Владата набавува 75 илјади мали лаптопи во вредност од над 10 милиони евра, кои се очекува учениците да ги добијат најдоцна до крајот на учебната година. Лаптоп-компјутерите ќе отидат во рацете на основците од прво до трето одделение, а исти вакви машини ќе добијат и сите наставници и професори во основните и во средните училишта кои, доколку сакаат, овие подвижни компјутери ќе може да ги носат и дома. Од Владата објаснуваат дека идејата за лаптопите ја добиле откако претходно спровеле пилот-проект во училиштата за користење вакви компјутери.

Со овие дополнителни 10 милиони евра и претходните дваесетина милиони кои Владата ги издвои за набавка на компјутери не се знае колку точно на крајот ќе чини компјутеризацијата на училиштата. Проектот, покрај доцнењето, сега се соочува со други проблеми со кои надлежните не знаат како да излезат накрај.

Покрај тоа што компјутерите во училиштата не се употребуваат, бидејќи се' уште не се готови програмите за предметите и обуките за наставниците, не се знае ниту судбината на самите компјутери. Се крадат „глувчиња“, се демолираат простории, а професорите целосно се незаинтересирани да се образуваат компјутерски. За овие забелешки наголемо се зборува во Министерството за информатичко општество, каде што се размислува за можни санкции за наставниците. Во Министерството не се согласуваат со критиките дека проектот е осуден на пропаст и додаваат дека вистинските ефекти ќе се видат со тек на време.

Надлежните објаснуваат дека со лаптопите целосно се заокружува компјутеризацијата на училиштата, бидејќи со проектот „Компјутер за секое дете“ не било предвидено да се набават компјутери за учениците од прво до трето одделение. Затоа сега Владата набавува 53 илјади лаптопи (со екран од 8,9 инчи) за основците и 22 илјади за сите наставници и професори во основните и во средните училишта. На наставниците и на професорите ќе им се дозволи компјутерите да ги носат дома, наводно, за да им се излезе во пресрет при подготовката на материјалите.

„Отворањето на понудите за тендерот ќе биде на 26 јануари. Претходно направивме пилот-проект во училиштата каде што беа употребени вакви лаптопи со помош на УСАИД и УНДП. Тоа имаше многу добар ефект кај учениците и кај професорите. Затоа и решивме да го спроведеме проектот со набавка на лаптоп-компјутерите“, велат во Министерството за информатичко општество.

Министерството моментно се соочува со куп проблеми поради поставените компјутери во училиштата. Од Министерството ги предупредиле директорите дека поради зачестените кражби и оштетувања на опремата, отштетата ќе треба да ја плати училиштето. Проблем е и тоа што компјутерите не се користат, туку чекаат на професорите да ги вклучат, кои пак имаат отпор да научат да ракуваат со компјутерите поради тоа што се работи за лица во поодминати години.

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, изјави дека никој не им е виновен на наставниците што не ги користат компјутерите. Но, од друга страна, тие велат дека немаат друг избор освен да чекаат на компјутерските програми и најавената обука што постојано им се пролонгира.

Дополнителен проблем за надлежните министерства е и тоа што дел од компјутерите се' уште се наоѓаат во државни магацини, каде што им истекува гарантниот рок. Загриженост поради ова изрази и Државниот завод за ревизија, кој во својот последен извештај наведе дека „доцнењето на инсталацијата го намалува гарантниот рок на компјутерите“. Ревизорите укажале и дека во моментот на ревизијата извршена годинава складираните компјутери не биле осигурани, а Министерството за образование и наука ги осигурало само за период од јануари до март 2008 година.


Статијата е прочитана 2039 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 12.12.2008 00:30:38
EPP vladata na gospodinot Rejting go ima pronajdeno receptot na zlatnoto jajce .Od zlatnoto jajce tie ke jadat kajgana a narodot luspite za da bide cvrst vo koskite(nozete i racete) koga nema vo glaata.Istovremeno so svoi zakani i voveduvat i strav vo koskite na nastavniot kadar.Dali od taa vlada nekoj go ima staveno prstot na chelo i da svati kolku se oshteteni mladite so primena na digitron(ne znaat ni najosnovni operaci) neka svatat shto se se dobiva so kompjuterite vo obrazovanieto.Sigurno samo provizija i poveke za niv.Inaku nabavenite kompjuteri se na nivo na pentimum2 i uchenicite so niv moze samo da si igrat.Ne e tochno kompjuter za sekoj uchenik,ima monitor ,tastatura i gluvche za sekoj uchenik.1 mashina za 7 uchenika.Ova e kriminal na stletieto.
Од: St.Patrik
Датум: 12.12.2008 01:18:27
Starite kompjuteri ne se instalirani, a veke se pravi mesto sega za laptopi?!? O Boze..jas bev presrekjen koga pocna prviot bran od proektot Kompjuter za sekoe dete, a sega...Namesto da delat vauceri za kompjuteri, podobro da gi dadat onie sto lezat vo magacinite. Sekako za nekoj mesec ke vredat po 50 Eur max..sramotaaaaaaa koj ke odgovara za ova?!?!?
Од: Недоволен (1) за проектот „компјутер за секое дете“
Датум: 12.12.2008 01:38:27
Наставник сум во училиште во кое подолго време се инсталирани вакви компјутери т.е.ПО 7-8 МОНИТОРИ НА ЕДНО КУЌИШТЕ, во кое е вграден оперативен систем u-buntu. Информатички сум многу добро едуциран, но своето знаење не можам да го применам во настава од следниве причини: нема соодветен образовен софтвер. Компјутерите не се добро вмрежени, па ни она малку што во word или PP ќе го спремам, не може да го инсталирам преку мојот компјутер кај сите ученици, туку мора да потрошам цели 10-15 мин.од часот да инсталирам поединечно на секој компјутер. И на крај, зошто копјутерите им служат на учениците: да играат на час безвезни елементарни игрички (тетрис и сл.) да гледаат филмови (понекогаш дури и порно филмови кои ги носат на ЦД)а наставниците во моето училиште постојано се жалаат како поголем дел од часот трошат во опоменување на учениците да ги исклучат компјутерите. Вниманието опаѓа, а со тоа и успехот на учениците е драстично помал
Од: Boban
Датум: 12.12.2008 03:58:58
E Stvarno nemam zborovi .... Sega sum vece siguren : ovie (citaj ovaa vlada ) ke ne SARDISAAT ...Ova e nepojmlivo ...Katastrofa e blag zbor ....Pa do koga vakvi idiotski potezi i trosenje ...Stvarno se plasam za idninata so ovaa Vlada .... Ama Narodot gi birase .....i gledam se uste imaat najgolem rejting po site anketi ,pa se prasuvam dali razmisluvaat so svoja glava ili samo "zevaat " vo TV i goltaat se sto ke im se servira .....Stvarno sum razocaran ...se cudam do kade .....do koga ke moze da trpi ovoj nas Narod ...Ima li tolerancijata i trpenieto prag ,Granica ....Eeeeej Narode OSVESTI SE dodeka ne bide predocnaaaaaa!
Од: Erol
Датум: 12.12.2008 04:15:48
Abe za vas lopati i motiki treba a ne laptopi!!!Sto i da vi dade covek ne ste zadovolni.Zatoa lopati,kazmi i motiki i da r'mbate!!!
Од: jas
Датум: 12.12.2008 06:19:05
dobro e da se kupuvat kompjuteri, no zoshto lap-top- tia lesno ke isceznat, dodeka ovia lap-topi koi gi gledam na slika se naj najskapi pa zashto da se kupat najskapite lap-top-i??? ili zdelkata e napravena mozhebi za 8 mil evra i taka 2 mil. evra ke gi delat
Од: kemba
Датум: 12.12.2008 06:55:16
Како идеа компјутер за секое дете и воведувањето Англиски од прво оделение е навистина прекрасна, што би значело уште со завршувањето на основно образование детето би требало да биди доволно образовано за да можи да се носи со основните потреби на 21 век.Меѓутоа грешката е во тоа што многу се брза во делот на компјутеризацијата и доаѓаме во ситуација каде одлична идеа, но многу слабо разработена во пракса ,односно во целиот проект за имплементација се јавуваат огромни дупки.
Од: citatelka
Датум: 12.12.2008 07:12:30
Kakva glupost. Ova go nema ni vo najrazvientite zapadni zemji. Namesto vladata da vlozi vo uslovite za rabota vo ucilistata, da ocisti sljam nastavnici od kvalitetnite, da nabavi nova oprema za rabota...tie nepotrebno trosat drzavni pari. Ima sega dovolno kompjuteri vo ucilistata, samo nema koj da gi upotrebuva, posto 70% od nastavniot kadar ima fobija od kompjuteri zaradi neznaenje. Sto e sledniot cekor?? Laptop za sekoj gragjanin na Makedonija?? Alo...vlada....a nemate pari za zgolemuvanje na platite na nastavnicite. So parite za tie laptop kompjuteri slednite 5 godini ke imate sredstva za platite. Razgledajte malku naokolu po Evropa da vidite sto e toa sto fali vo skolite, ne e do kompjuterite, ima kup od druga oprema so bi bila korisna da se ima. Se prasuvam koj li e sovetnikot za vakvite postapki i odluki???
Од: ј
Датум: 12.12.2008 07:13:34
е па не можам да верувам!!! земете едно мало лаптопче, ставете го на маса и седнете првоодделенец пред него. згрбавен како кифла, ги напрега очите ... тешко нему!!! малите лаптопчиња се за нешто сосема друго, за повремено користење од возрасни, во лет, а најмалку се за првоодделенци и слично и за големите лаптопи има држачи и тастатури на кои треба да се постават ако се користат како десктоп, за да биде положбата ергономска, мониторот во висина на очите итн
Од: Do "informaticki dobro educiraniot nastavnik"
Датум: 12.12.2008 08:11:33
Ne se vika "u-buntu", tuku ubuntu. Ne moze samo da se vklucat "7-8 monitori na edno kuciste" i taka da se raboti. Kakov e toj "soodveten obrazoven softver"? Koj, ako ne nastavnikot, im dozvoluva na decata na cas da gledaat porno filmovi? Tesko na nasite deca so vakvi nastavnici...
Од: ana
Датум: 12.12.2008 08:35:35
aj proverete dali na amerikan koled site studemti dobija vauceri. dopolnitelen uslov e da imas prosek od 102 kredita odnosno po naski 9-tka.bi trebalo nsdleznite da se pozanimaavaat so nacinot na rabota na ovaa institucija
Од: Tanja
Датум: 12.12.2008 08:38:24
Tazno i zalosno. Nabaveni kompjuteri taka da stojat, da ne se upotrebuvaat. Nema koj da jaj zeme rabotata vo svoja raka i da trgne proektot. Dokolku nastavnicite ne znaat da rabotat na kompjuter, neka se obucat, no zemajki go faktot deka poveketo se vozrasni luge koi dosega ne naucile, normalno deka ke imaat fobija od kompjuteri, zatoa sto tie i ne go poznavaat ni angliskiot jazik. Dokolku nastavnicite ne sakaat da naucat da koristat kompjuter, zamenete gi so mladi obrazovani kadri koi nemaa rabota, a vo drzavava gi ima mnogu. Za sekoj problem ima resenie, barem taka ne ucea nas na fakultet.
Од: tina
Датум: 12.12.2008 08:55:46
Ovaa ideja so kompjuteri ispadna deka e golemo promasuvanje. Kompjuterite vo nekoi sredni ucilista voopsto ne se koristat za nastava. Odvreme navreme se uklucucaat i sluzat samo za zabava, vklucuvajki i porno filmovi. Uspehot na site ucenici e drasticno namalen, zatoa sto ne moze da se koncentiraat na nastavata. I pokraj ova novi pari za laptopi !!!Toa e non sense. Trosenje narodni pari, za calam i reklama na vladata. Proektot e nerazraboten i so sigurnost moze da se kaze deka e neuspesen.
Од: Bitola
Датум: 12.12.2008 09:04:40
Prosti mu Gospode na "decava" od vladava si nasa ne znaat sto pravat.
Од: Aтанасија
Датум: 12.12.2008 09:21:23
Дниве г.Бучковски е осуден за тоа што употребил 2 милиони еура за тенкови во времето на своето министерствување со одбраната во годината кога беше загрозена,одвнатре Дрзавата. Сега министерот за информатика најавува трошок од 10 милиони еура за лаптоп компјутери за училистата,каде веќе стојат веќе набавените класични компјутери и-неотворени. Јас не знам која е тежината на еурото,но ја знам разликата меѓу два и десет,меѓу потребата да се брани Државата и играриите со компјутерите на кои децата им се радуваат како на играчки,а наставниците не знаат како да ги употребат. П.С.Кога зборуваме за европската валута ,ајде да кажеме дена на таа пара стои напишано еуро,а не евро-мислам дека на оваа валута не и треба македонски превод како што не се преведува доларот,фунтата ,јенот и тн.Ова треба да го знаат новинарите.
Од: zabegan
Датум: 12.12.2008 09:22:45
bog da cuva od ova vlada.dali nekoj pocnal da pravi kuca od krovot,postavuvat kompiuteri za da zbirat prasina. aj prvin obucete kadar da znae da raboti na kompiuter pa da znae a vaka bre gi sramete tie sto treba da predavat pred ucenicite pa del na decata veke znat da baratat so kompiutri.a nastavnicite ne znat da gi uklucat.
Од: petar
Датум: 12.12.2008 10:07:13
Mito i korupcija e ova. toa se golemi pari so tie kompjuteri ne se postignuva napredok tuku prestiz dajtemugi tie pari na narodot nekoj nema sto da jade da ne kazam i kade da spija ne trosete nepotrebno pari za vreme na kriza ili ne vazi za vas samo narodot duri da go naucite da nejadi pa posle e polesno .
Од: elena
Датум: 12.12.2008 11:01:18
jas se soglasuvam so Erol samo motiki na vladeenjeto na sdsm mozea da sonuvaat za kompljuteri
Од: Bil Gejts
Датум: 12.12.2008 12:34:43
Ne se sekirajte za kompjuterite .Sekirajtete se za informaticki nepismeniot nastavnicki kadar.Sekoj novitet se prifaka tesko.Decata uste malku ke se ragaat so vgradeni kompjuteri.Raspisete tender za nov informaticki obrazuvan kadar vo celoto obrazovanie
Од: zap.ev.
Датум: 12.12.2008 13:17:21
ova voopsto nemi e jasno pa na zapad nikade nema kompjuteri za sekoj ucenik?ima ucilnici so kompj za informatika i ova nema logika dali vladata rasmisluva sekoj predmet da se predava preku kompjuter??????na zapad site predmeti se predavatat preku tabli i kreda ili projektiranje,zosto frlat pari preku prozor?zaradi li tenderi da ne se znae kade otisle parite?a nemat pari za pokaceni plati za nastavmici,za bolni,bolnici,invalidi,particiopacija za se pa duri i za invalidi i bolni deca.....a ucenicite nema site sekretarki delovni da bidat....im treba strucna nastava,zemjodelec,mehanicar,metlac,frizer,sofer,pekar im treba alat za rabota a ne kompjuter 24casa......
Од: someone-EU
Датум: 12.12.2008 13:28:01
Elena, ne stanuva zbor za SDSM ili VMRO, tuku za nasite deca. Ova so kompjuterite e glupost. Jas pocnav da koristam kompjuter na 22 godini, sum IT inzener, a na fakultet imamve moznost da koristime samo na vezbi. Sama si go kupiv. Denes kompjuterot mi e se. Ima mnogu poprioritetni raboti. Dobro e da se imaat komjuteri za vezba na odredena vozrast, ama prvo odelenci? Vi se molam. Drugo procitav kaj drugata statija, deka gi navreduvas site sto ne se od Skopje. Vaka: trnje i cvekinja rastat nasekade, i vo grad i vo selo, zavisi od tebe sto ke odberes da bides.
Од: IKO
Датум: 12.12.2008 15:34:55
Bravo Erol za komentarot za motikite i za lopatite. Samo problem e sto tolku potrosivme na kompjuteri sto nema veke pari za lopati. Barem so lopati kolku tolku lebot ke si go izvadevme. A na laptop kompjuterite (koj ocigledno ne znaeme da gi koristime) ke mozeme da si igrame igri da si go odvrteme vnimanieto od gladot i bedata vo koja ziveeme.
Од: Стојко
Датум: 12.12.2008 16:09:51
За уште една во низа глупости на ова наша влада не сакам да зборам, а Ерол, Елена и слични на нив веројатно се платени да бришат прашина од толкав број на компјутери па се грижат за својата работа.
Од: Никола
Датум: 12.12.2008 16:23:21
Глупост. Владата треба да ги покачи стипендиите и да им даде на повеќе студенти и средношколци, како и на посиромасите, без да ги враќаат назад, да ги покачи платите на вработените. Потоа, сите ќе си купат тоа што мислат дека им треба. Вака, многу што веќе имаат компјутер, нема да знаат што да му прават. Плус тоа, ако малите деца се пуштат да работат сами на компјутер, може да биде многу лошо, затоа што постои голема веројатност дека ќе го употребат за глупости.
Од: Другарката на Анастасија
Датум: 12.12.2008 17:18:36
Анастасија, многу ти е глупа забелешката за еврото. Не требало да се преведува? Ако одиме по твој памет да ги пресликуваме оригиналните имиња на валутите, тогаш треба да го викаме доларот доллар (со две л), фунтата паунд итн. Кога те гледам како се перчиш како лажна лекторка, си викам леле па до коа ќе венееам јас вака млада нецеливана со вакви другарки.
Од: prof.
Датум: 12.12.2008 17:47:54
Vo potpolnost se soglasuvam deka trebase prvo da se sprovede "soodveten obrazoven softver" pa potoa da se stavat kompjuteri za sekoe dete. Vaka ima kompjuteri no za sto ? Sekoj cas treba da vnesam na sekoj kompjuter (gi ima triesetina) ona sto treba da se sraboti na casot. No ne samo sto ne se povrzani site tuku nekade i nemozes da prenese od kompjuter na komjuter podatok. Ne e problem i po min da se odvoi za prenesuvanje podatoci (tekst, vezba) no negde ke gi ima a negede ne. Plus site alatki gi nema kako sto gi iima vo windows. Profesorot nema na desktop pregled sto rabotat decata. treba da seta od kompjuter na kompjuter da vidi koj sto pravi . a decata ne se zaineresirani za nisto osven igri. drugo mnogu ubavo e da kazete kako smee profesorot da dozvoli da se gledaat porno filmovi. tie ne gi slusaat roditelite a sto ostanuva za profesorite. ne bas tocno deka profesorite imaat otpor pa stari bile i da dojdat mladi obrzovani. toa e samo izgovor za neuspesniot poteg so kompjuterite

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Што гледаат нашите министри?
Зденко
Претходен број
ЛХБ го продаде делот во Тутунска
Груевски му верува на Кушнер за визите
Оставеното бебе било тепано и малтретирано од мајката
Смртна тишина
Вербатим
Розови рецепти за фондовските лекови
Како ќе се трошат нашите пари
Силна поддршка од Унгарија за името и за визите
Парите ја движат битката меѓу А1 и Сител
Гаф- Гордон Браун „спасител“ на светот
Шен - Ген