Брoj 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

Ем шуто ем боде

Ерол Ризаов

Владата нема самодоверба. Пречувствителна е и на критиките и на пофалбите

Македонската Влада нема самодоверба. Премиерот Никола Груевски и неговиот министерски кабинет јавно ја покажуваат пречувствителноста и на критиките и на пофалбите. Тоа е својствено на недемократски влади, при што сите учесници во власта чекаат да видат што мисли водачот. За време на стравовлада, како што е нашата, се паѓа во транс од пофалби, а се исфрлаат воинствени пароли против секоја критика, па и најдобронамерна, со ќор-фишеци кои се поопасни за тој што ги истрелува, а не за тој против кого се наменети. Последниот масовен излив на јавно манифестиран комплекс на помала вредност се препукувањата меѓу македонската Влада и бриселската администрација. Недоличниот јазик и политичката некултура ја покажаа нашата балканштина и празна ароганција и надвор од границите со „убава“ промоција среде Брисел. Владата зазеде позиција: ем шуто ем боде.

Во што е суштината на затегнатите односи меѓу Брисел и Скопје и балканскиот јазик во европските релации. Дали е тоа изјавата на Ерван Фуере дека граѓаните на Македонија се паметни и не можат да бидат излажани кој ќе биде виновен што земјава и годинава нема да добие покана за почеток на преговори за членство во ЕУ. Или, суштината е во тоа што Груевски и неговиот тим цврсто стојат на ставот дека само Грција и проблемот со името е пречка за почнувањето на преговорите и дека европскиот протекционизам и ставањето на страна на Грција е најголемата пречка за евроатлантските интеграции на Македонија. Несреќата е во тоа што воопшто не е важно кој е во право. Уште полошо е ако двете страни се во право. Вербалната пресметка, во секој случај, оди на штета на Македонија и ја затскрива вистината, односно не се гледа најголемиот проблем на Македонија, а тоа е наметнатата филозофија од страна на власта дека реформите ги правиме поради Брисел и поради ЕУ и НАТО, а не поради нас.

Власта заборави дека Македонија имаше најлоши парламентарни избори досега. Имаше мртви и дваесетина ранети од огнено оружје. Со пукање, со застрашувања, со полнење кутии... веќе не може да се опстане ниту на Балканот, а не да се оди во Европа. Тоа е сериозен проблем на Македонија. Тоа е македонска трагедија, а не на Брисел. Власта се' уште нема храброст да признае дека владее со крвави раце, дека таа ги организираше досега најлошите парламентарни избори. За жал, тоа се сместува во некакви проценти, во смешни тричетвртинки, што е глупост од планетарни димензии. Немањето слободни избори не е ниту 75 отсто, ниту 100 отсто, ниту илјада отсто, туку е сигурен доказ дека во Македонија нема демократија. Наместо тоа да биде предмет на сериозна загриженост, тревога и голема активност на Владата, опозицијата, парламентот и невладините организации, на целото општество, да се спречат сите можности за лоши избори, да се казнат примерно сите престапници на срамните избори, власта овој срам го поттурна под тепих, правејќи се недоветна. Ивица Боцевски, министерот за евроинтеграции, изгледа смешен кога се обидува изборите, основниот предуслов на демократијата, да ги смести во некакви проценти или тричетвртинки.

Македонија ја зафаќа „турскиот синдром“, а тоа се вечни преговори со Европската унија без добивање рамноправно членство. Турција 20 години преговара со ЕУ и само преговара. Македонија веќе три години е кандидат за членка на ЕУ и се' уште не ги почнала преговорите. Колку ли ќе преговара. Точно е и тоа дека Европската унија врши силен протекционистички притисок и заштитнички се однесува кон соседна Грција за наметнатиот спор околу името на нашата држава. Грција го злоупотребува своето членство во ЕУ и во НАТО и постојано и' наметнува на Македонија неприфатливи отстапки кои се под достоинството на граѓаните на Република Македонија. Меѓутоа, точно е и тоа дека Македонија отвора простор и со други проблеми кои немаат никаква врска со името, како што е развојот на демократските процеси, во што спаѓаат сите основни елементи на демократијата, почнувајќи од изборите, па до слободата на медиумите, па до законите без дебата што се носат во парламентот, па до недостигот на политички дијалог, непочитувањето на пресумцијата на невиност, спектакуларните апсења, примитивниот популизам, провинцијализмот, политичката некултура. Во Европа, на пример, не може да се објасни потегот на претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, да го укине Одделението за информации при парламентот. Сите информации од парламентот за јавноста мора да одат преку него. Тоа личи на оној југословенски функционер, кој барал да се укине Ројтерс.

Самодовербата не се стекнува со голема победа на избори, не се стекнува ниту со висок рејтинг ниту, пак, со реформи во сто чекори. Самодовербата е еден сосема поинаков процес кој зафаќа не само дел на образованието и политичката и општата култура туку, пред се', нешто што се вика демократска ориентација, подготвеност на толеранција, прифаќање на друго мислење и прифаќање на една поинаква аргументација, ценење на различностите и верба во сопствените способности. Во многу демократски поразивени земји со висок стандард и благосостојба владите и особено премиерите се изложени на сериозни критики за многу помали нешта отколку во Македонија, но сепак владината комуникација со јавноста има пишани и непишани правила кои граѓаните и политичките партии знаат да ги препознаат и почитуваат.

Македонскиот премиер Никола Груевски можеше и требаше да му одговори јавно на Ерван Фуере за неговата изјава која ја чувствува како навредлива, но во еден европски специфичен стил со дипломатски шарм. Во крајна линија, тоа можеше да се заврши со едно повикување на амбасадорот Фуере во Министерството за надворешни работи, каде што сериозно ќе му се обрне внимание дека не ги почитува дипломатските норми, дека не го препознава менталитетот и обичаите на граѓаните на Македонија, дека изнесува навредливи пораки јавно и, конечно, дека за тоа ќе уследи демарш до неговите претпоставени. Таков е редот во дипломатијата. Меѓутоа, полтроните, апологетите и контролираните медиуми оркестрирани на разни брифинзи направија вистински панаѓур од балканштина со недолични изрази и ниски удари, небаре Фуере е член на опозицијата и е портпарол на претседателот Бранко Црвенковски. Секако дека таквите навреди Брисел тешко ќе ги проголта дури и во случај Фуере да претерал во своите оцени, сеедно, дали рекол македонскиот народ е паметен или не е глупав да ги разбере грешките на македонските власти. Суштината на проблемот е многу подлабока. Македонија се соочува со неповолен извештај на Европската комисија. Се соочува со одлагање на преговорите, се соочува со нови услови за да добие покана и за НАТО и за Европската унија. Оваа власт се соочува со типичен неуспех во својата евроатлантска политика. За тоа не можат да бидат виновни само другите.

Спуштањето на топката меѓу Брисел и Скопје нема да биде едноставно, бидејќи допрва Македонија ја очекуваат подлабоки турбуленции и можна политичка криза, пред се', поради односите на власта со албанските политички партии. ДУИ ќе биде безгласна буква уште еден период, бидејќи ваквиот сервилен однос на Али Ахмети има рок на траење. Ароганцијата и радикализмот на Мендух Тачи ќе попримат пореални димензии откако ќе се увиди основниот мотив на симпатичниот министер за здравство, Селмани, повеќе да учествува во власта отколку што има идеи за една поинаква политика. Македонската Влада се' уште не може да ги согледа тие раслојувања кои сега се на повидок, а ќе дојдат на дневен ред со сета своја жестокост.


Статијата е прочитана 2167 пати.

Испрати коментар

Од: so ovaa Vlada propadna drzavata
Датум: 19.09.2008 03:58:58
Gospodine Rizaov BRAVO vo pravo ste. Sve sto zborite taka e. Ovaa Vlada ja unisti Makedonija. Neznam dali narodov ke se osvesti no i da se osvesti kasno ke mu bide. Jas nemam partiska kniska I NE SUM za niedna partija ama od denesnava Vlada i od Gruevski veke mi e preku glava. Od nivnite glupi reklami i spotovi ne mozam tlevizor da si pustam. Aman neka se trgnat bar od televiziite. Nisto ne pravat SAMO se reklamiraat.
Од: Eli
Датум: 19.09.2008 06:23:41
Bravo! Cestitki, po ne znam koj pat, na navistina vrven majstor na novinarskoto pero! Zosto ne go poslusame???? Pozdravi
Од: citatel
Датум: 19.09.2008 07:44:06
Kako i sekogas maksimalno ispravno, seriozno i analiticki napisano. No da li ima koj da cita????
Од: shkupi
Датум: 19.09.2008 08:36:34
hahah em suto em bode :) bogami bas taka, ova so brisel sto se prepucavaa teska sramota e, bruka! samo si go pokazaa obrazot, i ne e samo grcija taa so ja koci makedonija, neka izlezat od toj film vise, cela evropa skoro ja poddrza grcija koa ni dadoa veto za u nato! resenie so grcite mora da ima ..
Од: eleni
Датум: 19.09.2008 09:03:05
Rogovite na Saakashvili bea od Harvard pa se pretvorija vo prvut. Neli velat koga imash raneta mecka pred tebe ne dishi. A nekoj da plati za ispitive vo EU kako u Zagreb ? Non stop uchime.Smacheno ni e.
Од: Од Струмичанец
Датум: 19.09.2008 09:18:16
И новинарот и коментаторите се многу проѕирни,многу партиски го чинат тоа.Беа на власт можеа слободно да го сменат името на државата,или пак ако сега тоа се направи од оваа власт ќе им биде главно алиби за напад и враќање на власт.
Од: Dortmund
Датум: 19.09.2008 09:49:54
Nasiot narod ubavo veli:UCI PAMETNO STANUVA POPAMETNO, UCI BUDALA STANUVA POBUDALA!
Од: nas
Датум: 19.09.2008 10:21:33
Bravo Erole no kou mu kazuvas?Ako G'Lujo misli da go uisti i sutne i Alija Ahmeti kako sto za cudo mu uspea so Taci i Dzaferi i da si go zeme za dekor-albaec vo vladata Selmani a,ovie da bidat frleni na buniste od koe ke cadi 'lejtingot na G'lujo GADNO se laze.Sega ako oral so ..... ke vlacit so gazot,a sto ke bide so drzavata.Mozebi toa e i celta sto za zal narodot koj ke go krka stapot ne e svesen i e opien so anticko vino staro 23 veka.Nazdravje!
Од: zvonko
Датум: 19.09.2008 10:58:34
ovoj grujo beter bil od ljupco pa zarem ne nauci deka netreba da se zadeva so megunarodnata zaednica a toj uporno pa uporno veruvam deka vo skoro vreme ke dobie uste nekoj udar od EU samo steta za graganite na makedonija ke mora da trpat tie a gujo so negovite bratucedi i negovite polni gjebovi ke si idi CESKA i ke uziva i ke ostavi raskurcana drzava kako ljupco 2002 neka nie nazdravje makedonski narode a EROLE na tebe svaka cas
Од: gragjanin
Датум: 19.09.2008 12:47:00
Za zhal mnogumina vo Makedonija mislat deka mozhe postojano da se provlekuvame so polovichno srabotena domashna zadacha. I posle Brisel ni e kriv ili beshe Grcija? A, da ne beshe Cacko? Tvrdokornosta na EU nema da ischezne so toa shto nie ke placheme i nabeduvame nekoj drug za sostojbata vo koja shto sme. Realnosta e neumoliva i tuka ne pomaga kukanje deka ni' se nanesuva nekakva nepravda! Toa e kako koga ke nastinete da se zhalite deka za taa sostojba e kriva promajata. Dali toa nabeduvanje na veterot ke pomogne da se izlechite? Ili sepak ke mora da prevzemete konkretni lekovi ako sakata da vi pomine bolesta. A, vprochem, se' shto se prevzema vo procesot na pobrzo vleguvanje vo EU zaednicata se raboti, pred se'- za sebe!
Од: danska
Датум: 19.09.2008 12:55:26
Voopsto nemi e jasno sto Grujo ja zad EU?so toa sto im gi pokazal vistinskite fakti zosto Grc e protiv imeto?Sega ovde vo mediite za prv pat se spomnuva stvarnata pricia a toa e egejcite,se povece mak ima poddrska na zapad,ovde demokratija znaci sekoj ima pravo da kaze svoe mislenje a grckoto neli e toa sto bode i provocira pa koj vo evropa ce smeni ima na drzava,nacija jazik???Ev e mnogu povece na str na Mak denes otkolku pred 18g a i slovenskiot svet vo eu se povece se cuvstvuva deka e na makedonskata strana samo Grujo da se trgne od antickata orientacija koja navistina e kocniaca.
Од: Stojan
Датум: 19.09.2008 13:45:13
Еден дел од забелешките за работењето на оваа влада држат, но еден дел не. На пример коментарот дека ова беа најлоши избори до сега: па, човече, поднесени се еден куп кривични пријави! Кога така се постапило порано? Што да прави власта друго? Да не треба тајно да ги ликвидира? Второ: зошто во коментарот со ниту еден збор не е спомнат напредокот во економијата? Зарем тоа не е критериум? И покрај привидит, не сум член на ВМРО, но не можам да поднесам кога проблемот што ни го наметна јужниот сосед, партиите се обидуваат да го искористат за добивање превласт. Би било нормално сите заедно да се бориме против тоа зло од ј��гот. А ние? Се посипуваме со пепел. Самите им даваме аргументи на ЕК дека не не бива, олеснувајќи им да се извлечат од ветеното поради очигледноста дека ќе има вето од јужниот сосед. Еј, драги мои, точно е дека не сме идеални, но исто така е точно дека не зафркаваат, а нашите мудреци, кој погласно, кој потивко, им аплаудираат божем загрижени за Македонија
Од: realen
Датум: 19.09.2008 13:47:55
Od deneska nekako vo vozduhot se cuvstvuva vozobnovenata sila i moc na SDSM,na celo so gospodinot Zoran Zaev.Napred levico,do konecnata pobeda nad tiranijata sto bolno ne unistuva!
Од: Коко
Датум: 19.09.2008 14:58:27
Одличен текст, кој ја отсликува вистинската состојба. Но таа вистинска состојба не ја гледа самобендисаната власт и медиумските полтрони, кои не и мислат добро на Македонија и македонскиот народ.
Од: Stole
Датум: 19.09.2008 15:30:23
Napisot ja dava vistinskata sostojba vo Makedonija. Za 2-3 meseci od noviot mandat ovaa vlada veke ja unisti drzavata 75%, a sto li ke bide do krajot na mandatot, ako ovoj prost narod ne se svesti da im go skrati. Za drzavi kakva sto e Makedonija ne mozat da vazat ni crveni ni plavi, nitu bilo kakvi linii. Tie znacat samo propast na drzavata.
Од: marina
Датум: 19.09.2008 18:00:09
Site Makedonci generalno nemaat samodoverba, posebno koga sme nacionalno napadnati od sosedite, izbegnavme 3 pati mozni vojni od 1991 do denes, ekonomski propadnavme po padot na Jugoslavija,...itn, itn, itn...... Pa logicno e, mlada drzava sme i samodoverbata treba da se gradi, nikoj ne se raga so samodoverba. A vladata denes ima pokazano najpoveke samodoverba od site vladi koi postoele do denes.
Од: pdk-Sydney
Датум: 19.09.2008 18:42:11
Tekstot si ima svoja tezina. No ne mi e jasno na shto se nadevaat SDSM-ovcite na celo so Zaev somnitelno aboliciran , a potoa i so korumpiraniot B.C koj naskoro treba da go vodi SDSM. Toa im odi vo korist na desnicata i na premierot Gruevski koi za nijansa se podobri i so pravo ja vodat drzavata vo pozitivna nasoka. SDSM dolgo kje tapka vo bezizlez, a toa ne e dobro za drzavata. Na Makedonija i e potrebna vistinska opozicija so pametni i spremni politichari a ne kako ove deneshnive.
Од: ROMPLUS
Датум: 19.09.2008 20:19:33
Одличен текст и одлични коментари. само кој да ги разбере? Д Е Ц А ? Демократија не се учи во прво одделение и ако е воведен предмет. Овде не се работи ниту за СДСМ-овци, ниту за ВМРО-вци. Се работи за напредок на граѓаните кои живеат и работат во овие граници на државата. Можеби Македонските граѓани од дијаспората кои ги финансираа партиите на власт ова подобро го разбираат. ама тие имаат полни стомаци. Што да кажиме ние со празни стомаци , социјална помош 50 Евра, плати кој работи има 100 Евра. Господинот Ерван Фуере со својата изјава не ги навредил граѓаните на Македонија, туку владеачката гарнитура, која мисли дека граѓаните се слепи и глупави. Камо да има повеке овакви изјави од Европски преставници и повеке притисок. за да се смени оваков начин на владеење.
Од: Jane
Датум: 19.09.2008 21:51:14
Има доста работи изнесено во текстот на г-динот Ризаов, не дека не е вистина и дека владата прави грешки но треба да им се даде шанса да се продолжи со промените. Факт е дека на минататите избори имаше инциденти и мртви ама владата не може да е одговорна ако некој решил да ги прави така да за тоа си има и кривични пријави. Со влезот во Европа исто е како со влезот во НАТО. За НАТО ги исполнивме сите услови и не влеговме, така мислам дека истото ќе се случи и за влезот во ЕУ. Треба да се издржи во притисокот од Грцијата оти на крајот секогаш правдата победува.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Економијата во вториот квартал порасна за 6,5 отсто
Судир на медиумската десница
Непотребен конфликт
Зденко
Претходен број
Македонија ги доби забелешките од ЕУ пред финалниот извештај
Полицијата приведе 21 професор на Универзитетот во Загреб
Кошаркарите се избламираа во Португалија
Мижитатара осигурување
Изборните предмети заглавија во судовите
НАТО нема да ја проблематизира поканата за Македонија
Рен бара во ЕУ поддршка за проширувањето
Стареење
Од досието на Владо Танески недостига важен документ
Verbatim