Македонија ги доби забелешките од ЕУ пред финалниот извештај
Ерван Фуере и Пјер Мирел, шеф на делегацијата од ЕУ што дојде во Скопје
Изборите нарушија многу работи во државава, а се пофалува напредокот на економијата
Тамара Грнчароска
Неколку недели пред затворањето на извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија во исполнувањето на европската агенда, вчера и денеска во Скопје се одржува состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, на кој ќе се нотираат деталите од напредокот и застојот во исполнување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).
Според информациите до кои дојде „Утрински весник“, на средбата ќе се разгледуваат прашања речиси идентични на оние што се очекува да бидат нотирани во извештајот на ЕК, како што се политички критериуми, економски напредок, имплементација на закони. Главната забелешка е дека „прогресот во осумте клучни приоритети од Пристапното партнерство е нарушен од политичките несогласувања и предвремените избори“.
Делегацијата од ЕУ на чело со Пјер Мирел, директор во Генералниот директорат за проширување на ЕУ, во рамките на политичките критериуми на сметка на Македонија ќе изнесе забелешки во поглед на важноста за реформи на изборната рамка во согласност со европските стандарди и имплементирање на препораките на ОДИХР од изборите во 2006 и 2008 година.
Од нас ќе бидат побарани најнови податоци за изнесување пред лицето на правдата на сторителите на изборните нерегуларности, а ќе биде искажана и загриженост поради бојкотот на Собранието. Македонија ќе треба да даде податоци и за прогресот направен во имплементацијата на Охридскиот договор, вклучително и за новиот Закон за јазици.
Иако официјален Брисел досега спорот со името го минимизираше како еден од критериумите за напредокот на Македонија кон ЕУ, во делот на политичките критериуми делегацијата од ЕУ во Комитетот ќе повика на зачувување на добрососедските односи, вклучително и тоа дека преговорите и изнаоѓањето заеднички прифатливо решение со Грција во спорот за името остануваат клучни.
Во рамките на политичките критериуми ЕУ-претставниците од Македонија ќе побараат разјаснување околу усвојувањето на законите „без нормална парламентарна дебата“. Тие ќе побараат од Владата да направи понатамошни напори во политичкиот дијалог со опозицијата за да се обезбеди непречено функционирање на институциите и остварување одржлив прогрес во реформите.
Од страна на ЕУ ќе биде поздравен прогресот во имплементацијата на Законот за полиција во поглед на системот за менаџмент на човечките ресурси и назначување на сите, нови, регионални командири и командири на полициски станици. Сепак, тие ќе нагласат дека останува голем предизвик во обезбедување на професионалните стандарди во сите делови од земјата, како и обезбедување независност и непартизација на полицијата.
За полицијата е наведена забелешка дека „нерегуларностите направени од страна на полицијата за време на изборите покажуваат проблем со политизација на повисоките полициски офицери“.
Реформите во судството се областа каде што ќе бидеме пофалени од делегатите од ЕУ поради „континуираниот прогрес“, со поддршка до властите да обезбедат имплементација на новиот закон за јавен обвинител и на законот за советот на јавните обвинители. Од нивна страна ќе биде подвлечена важноста за стабилна и кохерентна буџетска рамка за судовите, како и потребата од поголема одговорност и економска независност. Исто така, Македонија ќе биде пофалена за прогресот направен во имплементацијата на антикорупциската политика, со забелешка за потреба од засилување на улогата на Државната антикорупциска комисија.
Во контекст на полициските реформи и борбата против организираниот криминал, и покрај напредокот од последната средба, се' уште се забележуваат недостатоци, како што се на пример соработката меѓу полициските служби и судството на регионално и на локално ниво, Секторот за специјални истражни техники на МВР останува недоекипиран и со недоволна опрема. Исто така, постојат дупки во законите за процедурата за криминална истрага, особено во делот за специјални истражни мерки, пред се' во делот во борбата против корупцијата. Забелешка има и на малиот напредок во борбата против компјутерскиот криминал, каде што е забележан недостиг од персонал и опрема.
Во делот на економските критериуми забелешките што ќе бидат изнесени се повеќе позитивни со наведување дека „економската ситуација се' уште е позитивна, со зголемување на порастот на производството за 5 проценти“. Сепак, нотирани се знаци на влошување на надворешната рамнотежа и остро зголемување на инфлаторниот притисок. Состојбата на пазарот на работна сила, според нив, се подобрува поради зголемување на регистрираните вработувања, иако бројката на невработени останува висока. За невработеноста забелешка на претставниците од ЕУ ќе биде дека, и покрај сите мерки за намалување на невработеноста од страна на Владата, како што е намалувањето на придонесите за вработените, влијанието врз намалувањето на невработеноста е лимитирано.
Комитетот на стабилизација и асоцијација од страна на ЕУ ќе излезе и со свое мислење за секторот енергетика, каде што, според нив, е забележан прогрес во легислативата и либерализацијата на внатрешниот пазар на електрична енергија. Делегацијата од ЕУ ќе искаже загриженост во поглед на пазарот на мобилната телефонија поради ризик од негово нарушување поради продажбата на вториот мобилен оператор на компанијата-мајка на најголемиот мобилен оператор во земјава.
Mnogu Evropski intelektualci sto ne se na funkcija vo EU kancelarii, ne mozat da svatat zosto se igra vakva valkana igra sprema Makedonija. Vo imeto na gospod, dali nekade na drugo mesto postoi Republika Makedonija osven nasata. Ja stavaat cela drzava na nekakov si EU ispit ili intervju za priem na rabot. Falelo ova, falelo ona. Kako drugite zemji da se idealni. Ostrovi so trojca luge imaat dobieno ime i nezavisnost. Pa ova e katastrofalno osmevanje prema Makedonija i Makedonskiot Narod. Veruvam deka veke preku glava im e ovaa tema na site Makedonci pa i drugi luge. Fuere e bezobrazen intelektualec. Izgleda site EU magarinja nastojuvaat da ja obezgranicat i podelat Makedonija na 'POLISI' kako sto bilo vo vremeto na kralstvoto MAKEDONSKO. A prokletite Grci se uste ziveat so golema finansijska pomos od EU vo vredonst od poveke od EU2.000.000 godisno. Pa so maslinki ne mozat da preziveat ovie kucinja.
Na se ima kraj - a posle golema bura ke ogree sonce nad MAKEDONIJA...Dobra nok
Од: Makedonec
Датум: 19.09.2008 09:45:12
Јасно ни е на сите дека поради јужната бедна држава(бедна во човечки особини), Македонија ќе биде единствена држава во кутрата ЕУ која ќе ги има исполнето сите, баш сите критериуми до последна запирка и точка. Ако се потсетиме какви држави беа примени во ЕУ пред нас и колку критериуми имаа исполнето ке ни стане сосема јасно. Ни преостанува достоинствено да го браниме името бидејќи само така може да изржиме. Економијата иде кон подобро па тоа треба да ни биде стожер за развој без Еу во наредните години.
Од: sasho negotino
Датум: 19.09.2008 09:52:51
izvestajot vistinski ja odlslikuva momentalnata situacija vo makedonija.ubavo vikaat lugeto deka predvremenite parlamentarni izbori bea cista greska i totalno ne potrebni, arna ama gujo ne mislel taka.neli toj si ima svoja politikaza koja sto sam toj i desetina luge okolu nego mislat deka e vistinska i deka makedonija so taa politika se dvizi po patot na NATO i EU. luge pa kolku e zalen sirotiot gujo, ovie denovi po reakciite od EU nikade go nema.uste sega ne priprema za negativniot izvestaj od Brisel, pa toa e odlik na negovata populisticka politika. so nego i negovite ministercinja-poltroncinja ne mozeme vo evropska unija.zalno ama vistinito.samo gospod neka ni e na pomos.gujo odi si, samo taka ce go napravis vistinskiot cekor za nas makedoncite za priklucuvanje kon NATO i EU.
Од: ARAGON
Датум: 19.09.2008 10:25:00
Ako si odi Grujo, togash koj ke dojde? SDSM? I togash ke go smenime imeto, nacijata, jazikot... I ke se razvivame ekonomski isto kako sto se razvivavme dodeka tie ja vodea drzavava.... Hehe! Smeshki... Iskreno jas sum neutralno orientiran vo politikata, megjutoa za prv pat vo zivotov primetuvam deka NESTO SE PRAVI vo drzavava, reformi i sve ostalo...
Од: zlatko
Датум: 19.09.2008 10:39:31
i ovie od eu ja prteteraja ..za izborite go kaznivme naj odgvorniot za kidnapiranje glasaci pukanje za cel arsena oruzje i200grama koka ise so ne drugo 1god zatvor ito toj ko ke saka da odi zatvor...so saka poke eu dusata da mu ja zemime.....
Од: vmrovce
Датум: 19.09.2008 11:16:37
imeto ni e najsveto i najvazno drugoto ke si dojde na red ako ne denes togas utre ke dojdat popametni politicar vo eu od ovie sto se sega ..ime makedonija ne menuva ..
Од: zike
Датум: 19.09.2008 12:18:18
"sporot so imseto i zaednicko prifatlivo resenie"?nie nemame nikakov spor i promasaj e sto se vodiat pregovori so grcija vece 18g pa pie i pred 30g ne narekuvaa skopia nisto nee promeneto,neka dade EU da potpiseme vlez vo EU a edinstven uslov prudavka nova ili severna ok da vidime dali na referendum ce poddrzi narod sansa ima.Ama da se bara brisenje makedonski jazik i nacija e apsurd pa niedna drzava vo evropa ne bi prifatila ni ima a kamoli nacija.Spored mene slednoto e mnogu logicno;albancite koga togas ce se otcepat Mak ce nema izbor ce mora da prifati ime slovenska makedonija/jazik/nacija fakticki grcite toa go barat 60godini,Mak so ova nisto ne gubipa zosto ne go napravime sega?ipnaka toa ne ceka i po 10,20 ili 50godini.
Од: pameti
Датум: 19.09.2008 12:31:59
Izveštajot voopšto ne e loš. Bitno za nas e da prodolžime sekojdnevno da rabotime, da go menuvame mentalniot sklop da doprinesuvame za Makedonija na najdobar možen način. Na primer da izlezeme na 21 i da ja isčistime veće ednaš državata. Veruvajte luge deka dokolku izdržime vo ne promenuvanjeto na imeto će se smenat rabotite na podobro. GOSPOD E GOLEM. A diplomative od kariera, pa i ne se vrvniot avtoritet na koj što treba da se poklonuvame.
Од: flying
Датум: 19.09.2008 12:50:23
EH...Da beshe Radmila Shekerinska sega ke si bevme vo evropska unija more i vo NATO...
Од: DAME
Датум: 19.09.2008 16:05:36
Kako da sme mnogu. Be samo malku sme ne se karajte edni so drugi, ne e vazhno koj shto , imate shansa i vie ivchistete se shto e krimigeno.
Од: Glupav
Датум: 19.09.2008 17:11:40
"...во делот на политичките критериуми делегацијата од ЕУ во Комитетот ќе повика на зачувување на добрососедските односи..." Pa za dobrososedski odnosi treba dvajca! Ne moze odnosite pomegju sosedite da se naruseni samo poradi odnesuvanjeto ili nekooperativnosta na ednata strana! Glupositi! Dobrososedskite odnosi se ulica so dvonasocen soobrakjaj! Ne moze tie da se baraat samo od edna zemja! Nie sme za dobrososedski odnosi, kako ne sme: neka ni go priznaat pravoto na postoenje, neka im gi vratat ukradenite imoti na Makedoncite od Egejot i neka ni se potrgnat od patot kon EU i NATO, i da vidite kolku kje gi zasakame. Kje bideme najdobri drugari i sosedi za primer!
Од: AMDX2
Датум: 19.09.2008 17:50:46
Ги читам коментарите секој ден и секојпат исто, мегафоните на грујо се удираат во гради, името не го даваме, македонија во срцето и сл. Тоа е џганот што не во ЕУ туку и во некоја Космичка Федерација да не примат пак нема да проспериара, примати кои едвај завршиле осмо или ни тоа одделение, се офајдиле со по некоја трошка фрлена од тековната ни влада и сега по секоја цена го бранат постигнатото, за жал на оние писмените или полуписмените кои гледаат каде води сето ова. Ќе ги замолам истите нив (неписмените) на истиот начин да си побараат плата од неколку илјади евра од нивниот директор, со плукање и пцуење на сета негова роднина, ама не, тие истите (неписмени) кога поминуваат пред Великиот Директор прават ЕВАЛА ДИРЕКТОРЕ. Жалосно, ни се повторува 98-2002, повторно се враќаме назад а народот упорно скандира „грујо, грујо„.Искрено жалам што сум се родил тука.