Број 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Истражниот судија останува на одлуката Заев да се брани од слобода

Судијата Седат Реџепагиќ побарал од осомничените секој понеделник да се јавуваат во судот во Струмица

Љубиша Станковиќ

Истражниот судија Седат Реџепагиќ останува на својата одлука Зоран Заев и другите петмина осомничени за наводни злоупотреби околу изградбата на трговскиот центар „Глобал“, и натаму да се бранат од слобода. Со ваквото решение, тој практично ја потврди својата претходна одлука, откако Кривичниот совет на скопска „единица“ пред два дена му го врати „жешкиот костен“ наречен Заев. Имено, Кривичниот совет ја прифати жалбата на Обвинителството, во кое се тврди дека осомничените ќе можат да влијаат на сведоците, но не изрече притворска мерка, туку одлуката му ја препушти на истражниот судија. Единствената новина е што во новото решение Реџепагиќ внесе и дополнителен услов за осомничените, а тоа е секој понеделник да се јавуваат во струмичкиот суд.

Истражниот судија во првичната одлука оцени дека осомничените нема да влијаат врз сведоците и дека не се во можност да го повторат делото. Тој им ги одзеде пасошите на Заев и на општинските работници и им забрани да ја напуштаат Струмица. Полицијата ги осомничи за нелегален тендер и изградба на градскиот трговски центар „Глобал“.

„Точно е дека предметот е вратен, а точно е и тоа дека од мене се очекува повторно да одлучувам.

Она што можам да го кажам засега е дека ќе постапувам крајно совесно и професионално и дека немам намера да подлегнувам на какви и да е притисоци“, ни изјави вчера судија Седат Реџепагиќ.

Првично судијата Реџепагиќ утврдил дека со превентивната мерка забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето се исклучува опасноста осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што станува збор за лица кои се семејни и вработени луѓе и кои никогаш пора��о не биле во судир со законот. Истражниот судија ценел дека не е можно делото за кое се осомничени лицата да ја попречуваат истрагата, бидејќи претходно веќе била прибавена целата документација, а со оглед на тоа што се работи за објект што е веќе изграден не е можно да дојде до повторување на делото.

Иако истражниот судија нема донесено нова одлука, сепак, тешко е да се поверува дека тој ќе ја промени првично донесената одлука со која наместо притвор предвидел превентивна мерка. На ваков заклучок упатува и завчерашното појавување на раководителот на Секторот за правни, административни, општи работи и јавни дејности во Општина Струмица, Кирил Парталов. Станува збор за третиот од шестемина осомничени, а кој минатиот четврток, кога се случија приведувањата, беше надвор од државата. Парталов, како што дознаваме, разбрал дека и тој е осомничен за злоупотреба на службената положба, но не успеал да стигне да даде своја одбрана во исто време кога тоа го сторија и неговите колеги. По исказот што го дал во вторникот, Парталов бил пуштен да си замине од судот.

Со најновата одлука на Кривичниот совет се запознати и бранителите на осомничените. Адвокатот Љубомир Михајловски вели дека за одлуката разбрал од медиумите и дека чека да ја добие, а за адвокатот Мирослав Вуиќ се шпекулира дека го прекинал годишниот одмор и дека поради новонастаната ситуција се враќа во земјава.

По минатонеделните приведувања, односно за случајот „Глобал“ со свое соопштение до домашната јавност и до меѓународните институции вчера се произнесе и самиот Заев. Градоначалникот на Струмица, кој е и потпретседател на СДСМ, смета дека „отстрелот на политичките неистомисленици со власта во Република Македонија добива загрижувачки димензии. Обидите на негова политичка елиминација и дискредитација, но и за нарушување на човечкото достоинство, низа разни притисоци, конструкции и закани, траат подолго време, а кулминираа со обвинувањата за злоупотреба на службената должност со изградбата на градскиот пазар во Струмица“. Градоначалникот потсетува дека Обвинителството и МВР „својата хајка против него и неговите соработници“ ја насочуваат на три пункта: непочитување право на денационализација, на прекршувањето на Законот за јавни набавки и на изградба на објект на државно земјиште, а без согласност на Владата.

По првата точка Заев појаснува дека процесот на денационализација е завршен со правосилни судски постапки со кои се отфрлени новите барања за денационализација и дека од 1968 година на предметниот простор е изграден струмичкиот пазар што стои во сите генерални урбанистички планови. За непочитувањето на Законот за јавни набавки градоначалникот вели дека за потребите на новиот објект не набавила ништо, но дека во една редовна постапка е избрана фирма коинвеститор. За самата изградба на ТЦ „Глобал“, Заев вели дека согласно со законските прописи не е можно да се гради на земјиште доколку тоа не е во државна сопственост и дека, доколку станува збор за приватно земјиште, ќе треба да се изврши експропријација, а кога тоа ќе биде сторено како нов сопственик повторно ќе треба да биде впишана Република Македонија. Заев потсетува дека со струмичкиот пазар такво нешто било сторено уште во 1957 година и дека оттогаш како корисник на земјиштето се води ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, кое има законско право на градба согласно со Генералниот и Детаљниот план од 1987 година.

За злоупотреба на службената положба Јавното обвинителство, покрај градоначалникот Зоран Заев, ги товари и Стојан Динев (55), раководител на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, Кирил Парталов (47), раководител на Секторот за правни и административни работи, Никола Годев (42), раководител на Одделението за административна поддршка на струмичкиот градоначалник, Иринка Трајкова (61), урбанистички инспектор и овластен градежен инспектор на Струмица, и Горан Крстев (30), сопственик на фирмата „Де-лукс инженеринг“. 


Статијата е прочитана 1320 пати.

Испрати коментар

Од: aco
Датум: 24.07.2008 00:14:24
OVA e sramota.Vladata se plasi od g-din Zaev i po sekoja cena saka da go eliminira od politickiot zivot vo RM.Eden sposoben covek imame vo drzavata i nego sakate da go ocrnite,kolku sto toj ima napraveno za opstina Strumica za 3 godini vladata nema da napravi uste 20 god.bidejki se nesposobni i sakaat samo da go lazat narodot,ednas uspeavte ..........zal mi e za site onie koi glasale za vladeackata koalicija
Од: nikola
Датум: 24.07.2008 00:46:33
Kako uspea firma registrirana pred pomalku od edna godina i so samo eden vraboten da stane koinvestitor vo gradenje na objekt vreden poveke milioni evra i kako slucajno toa e prijatel na gradonacalnikot. Zorane, imas i drugi grevovi koi ke izlezat na videlina koga ke dojdes na sud posle branejneto od sloboda. Te pozdravi Bozinkocev
Од: Itar Pejo
Датум: 24.07.2008 01:18:00
Podrska za gospodinot Zaev. Toj napravi mnogu za Strumica a vaka vlasta mu se oddolzuva.Toa e zalosno. Site sto doagaat od drugi mesta vo Strumica ja falat deka mnogu e napraveno samo vlasta toa ne moze da go vidi.
Од: STIP
Датум: 24.07.2008 01:23:00
Zoran Zaev Gradonacalnik za Primer, gradonacalnik koja od Strumica napravi metropola, ja uredi kako svetski poznatite Opstini. Seto toa mu preci na Fasistot Gruevski, no e dobro za narodot. No vo ovaa zemja stom nekoj mu preci na FASISTOT Gruevski treba da obide osuden za kazna zatvor, treba da bide ocrnet samo za da ne mu ja zeme udobnata foteljana fasistot. SVESTI SE NARODE GRUJO JA UNISTUVA MAKEDONIJA>>>>
Од: makedonka
Датум: 24.07.2008 03:16:14
Podrska za g-din Zaev,se dodeka ne se dokaze vo redovna sudska procedura deka e vinoven za site nas toj e pocituvan gradonacalnik na Strumica,dodeka potpisnikot na forumot Nikola neka ja procita vesta za tenderot vo Ministerstvoto za odbrana ili neka se potseti kako vo centarot na Skopje se "gradi" hotel od firma registrirana tri dena pred raspisuvanje na tenderot a poima nemaat od hoteliestvo,ili pak neka se potseti na ucilisteto Zefljus Marku-Skopje,urgentnite centri vo Kumanovo,Skopje,skandalozniot tender sto Vera Rafajlovska-minister po ekonomija ne sakase da go potpise,revizorskiot izvestaj za rabotata na Cingovski vo ELEM i mn.raboti koi so dobar margeting i spektakularni apsenja ovaa vlast gi prikriva
Од: bobi mitreski
Датум: 24.07.2008 06:28:18
Da se razbereme lugje.Zaev ne odgovara pred sudot za toa dali srabotil ili ne srabotil.Toj e osomnicen deka izgradil trgovski centar na drzavno zemjiste bez da bide zapazena procedurata.Zgora na toa koinvestitor e firma so 1 vraboten i napravile profit od 8 milioni evra lol.Site kazuvame deka se pokaza kako dobar gradonacalnik-megjutoa ako si gi "omrsil" racete za privatni celi-togas treba za toa da odgovara,neli?Treba da se napravi distinkcija pomegju dobro napravenoto i legalnoto.Celata FAMA e okolu ova.Ako e se legalno togas Zoran Zaev mora da dobie izvinuvanje i da bide obeshteten a ako se dokaze deka bil Frenki Dalavera togas ke treba da odgovara spored pozitivnite propisi.Full stop!
Од: Realna
Датум: 24.07.2008 09:52:49
Smrt na fasizmot, sloboda na narodot! Zaev e CAR
Од: od strumicanecot
Датум: 24.07.2008 09:55:45
abe luge ne gi branete kriminalcite barem za vakvi raboti treba site gragani da bideme slozni,nula tolerancija na kriminalot,zaev e isti slucaj kako svajcarskata krava kako nie ja vikame vo strumica dava dava i na krajot se isturuva.koj sto si storil treba da si odgovara za toa,a toj sto ne storil nisto nema sto da strahuva site kriminalci na edno mesto a toa e edrizovo.
Од: vladimir
Датум: 24.07.2008 10:21:23
celo vreme zborite "zaev sto napravi za strumica", kako sto izgleda si ima napraveno poveke za sebe. Sekoj treba da si odgovara pred delata a ne samo zosto e dobar gradonacalnik ili politicar. Neka se dokaze deka ne e kriv, nikoj ne go apsat bez pricina, vas ve sobrale od ulica da odgovarate za nesto ?????
Од: A. Nikolov
Датум: 24.07.2008 10:44:40
Od se shto ima naucheno detskata vlada e deka napadot e najdobra odbrana.Sakajki da gi prikrijat nivnite kriminali konstruirat na drugo mesto za da se zashtitat.Ako sakate da vidite i prochitate kako se izvrtuva vistinata,prochitajte go politikiniot zabavnik narechen "VECHER".Prvo treba vlasta da rgne po tragite na ova semejstvo vo Strumica Bozinkochevi,da vidat kako e steknat nivniot imot i javnata kuka "Selekt" i vlasta da si priznae kolku imat tie sponzorirano vo izbornite kampanji na vladeachkata garnitura.Tie Bozinkochevi se soncogledi,porano bea so komunjarite a sega se so komitite.Eden chlen od semejstvoto koj znae kako od nepismen pravnik so tekovnata smetka e notar.Se dodeka ke si igrame na osvetnici od Makedonija nema da ostane ama bash nishto.Da ziveat laznite patrioti so dvojni drzavjanstva.
Од: Македонија
Датум: 24.07.2008 10:57:31
Црни Грујо што сакаш прави му тој за нас ке остане најдобриот градоначалник на сите времиња во Струмица, Зоки ти благодариме за твојата добрина,сите сме со тебе.
Од: судија-аматер
Датум: 24.07.2008 11:11:41
Заради ваквите Личности (со големо Л) не треба да зборуваме дека „судиите се корумпирани, исплашени,...“. Употребувајќи множина им помагаме на оние навистина „валканите“ да се кријат меѓу чесните.
Од: Realist
Датум: 24.07.2008 11:16:08
Ah,moi braka i sestri Makedonci,ne vikajte po volkot vikajte po ovcarot ako ste svesni da razberete,i daj da vi kazam nesto vaka pametno vo Makedonija se sleaa milioni Evra blagodarenie na embargoto so Srbija mnogumina go iskoristija toa napravija milioni.A vas sto tolku ve interesira od kade se parite za gradenje trgovski objekt sto vie ne ukradete moi pisateli i dremaci po internet pa da napravite i vie nesto,aj odejte i zbirajte gabi po planinite koga nemate pojma od biznis.Bev tamu i sega pak si idam samo zborete toj ukral toj ukral a vie ste site nevini da mozete dete od majka ke chalnate,ama ste nesposobni.Zaev ne go poznavam ama imam slusano za nego,a za biznis treba sposobni luge a ne tuzibabi ox me nervirate so vasite napisi.
Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 24.07.2008 12:50:48
" DUHOVNO SLOBODNIOT NAROD nikogas ne izbira megju pravdata i nepravdata ,sekogas SE BORI ZA PRAVDATA !" Platon ,anticki filozof.
Од: Niko
Датум: 24.07.2008 16:10:02
Zorane -pozdrav na Fasistot mu se izbroeni denovite, SMRT NA FASIZMOT SLOBODA NA NARODOT kako sto nekoj pogore rece e star slogan sto nikogas ne treba da se zaboravi . Samosvesnite nacii sekogas se borata za osnoivnite covekovi slovbodi i prava i ne dozvoluvaat nikoj da gi zagrozuva ili namaluva . Makedoncite se samosvesen narod i ke go pokazat toa mnogu skoro . Pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Итните закони експресно на Уставен суд
Хелсиншки комитет- Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност