|
Си велам...
Музеј и за жртвите од кризата
Ерол Ризаов
Голема е фабричката грешка со македонската демократија и со економската преродба
Од осумте милијарди евра на премиерот Никола Груевски за инвестициски бум во наредните седум години од неговиот прв мандат, би било добро да се изгради уште еден музеј посветен на жртвите од светската економска криза и за жртвите паднати на долгиот пат на македонската транзиција при освојувањето на новата демократија. Предлагам тоа да биде постмодернистичка дваесеткатница лоцирана некаде меѓу скопското Кале, Музејот на жртвите од комунизмот, Музејот на големите дејци на ВМРО, Музејот на восочните фигури и Музејот на холокаустот. Така Скопје ќе добие извонреден спој на трагичното славно минато со трагичната светла иднина.
Тоа ќе биде густа концентрација на главницата од осумте милијарди евра. Тука покрај новоизградениот стар Скопски театар, меѓу црквата „Свети Спас“, Мустафа-пашината џамија и црквата „Свети Димитрија“, во близина на Истражниот затвор би било добро да доминира Музејот на жртвите на кризата и на новата демократија. Од другата страна, пак, на Вардар преку Камениот мост, кој го осакатија политички и националистички булдожери, и од ориентален убавец го претворија во византиски лош фалсификат, на Градскиот плоштад ќе надвиснуваат неколку други архитектонски чуда. Над сите ќе се издигнува импозантниот споменик на Александар Македонски јавн��т на Букефал, поставен пред новата голема црква „Свети Никола“, и уште повисоката камбанарија. Од другата страна, карши црквата ке се обнови старата Бурмали џамија. А до неа ке се гордееме со обновениот Официрски дом на кралството Југославија.Над Парламентот ке не фасцинираат новите куполи. Малку подолу, спроти „Холидеј ин“ ќе вишнеат над облаците неколкуте стокатници, новиот скопски Менхетен. Вакви помали и поголеми чуда ќе има во секој град на Македонија. Другите работи: нуклеарна централа, патишта, брани, железници, водоводи, канализации, пречистителни станици, а најмногу фабрики и компании се планираат само во партиските агенции за предизборни кампањи. Тоа нека го гради Европа и светот. Ние ќе си градиме музеи, театри, цркви, џамии, спомен-домови со што цврсто ќе го одбраниме македонскиот, албанскиот, турскиот и сите други идентитети. Сето тоа убаво спакувано со наколните живеалишта и подводните музеи во Охрид, со импозантните споменици, театри и музеи, ќе се инсталира незаборавен времеплов во живо, единствен во светот. Многубројните туристи најнапред ќе се искачуваат со жичарница на скопското Кале, каде што Паско Кузман ќе ископа голема дупка по која ќе се спуштаат посетителите со специјални лифтови под земјата до кој сакаат милениум, пред или по Христа, па потоа ќе се префрлаат во специјални возови нешто слично како во европските метроа. Ќе биде тоа фантастична подземна тура до сите музеи и цркви. Тие што се за театар ќе одат на театар. Тие што сакаат спорт преку посебен тунел ќе можат под нивото на Вардар, покрај Владата, да излезат директно во ложите на Градскиот стадион под бистата на Филип Втори и неговото копје високо 30 метри. Во „Арената на Филип“ ќе можат да гледаат постојано, во текот на 24 часа, гладијаторски пресметки меѓу фалангите на Александар Македонски и Елините, меѓу новите античките Македонци и старите Словени, меѓу комунистите и капиталистите.
Тие што не сакаат пагански обичаи и борби ќе можат да посетат верски објекти. Во Скопје и Скопско има над сто цркви и над сто џамии. Половина се вековни културни наследства со непроценлива историска вредност, а половина се џам нови со недефинирана архитектура. Се градат уште 30-40 верски објекти. Ќе имаме повеќе џамии и цркви од училишта, што е големо достигнување на патот за Европа.
Музејската зграда за жртвите од економската криза и од македонската транзиција предлагам да биде со две постојани поставки. Првите десет ката да бидат посветени на жртвите за време на владеењето на СДСМ и на неговите коалициони партнери, а вторите десет ката на жртвите на ВМРО-ДПМНЕ и на неговите коалициони партнери. Тамам додека се изгради зградата на овој музеј, токму на 20-годишнината од независноста на Македонија, двете партии ќе владеат со Македонија по десет години и секоја од нив за секоја година владеење ќе има по еден кат. На првите пет ката од новиот музеј ќе бидат претставени последиците од лошата приватизација. Народот ќе може да види како е распродаден големиот имот на злогласните комунисти. Па, потоа нагоре на секој кат ќе бидат постојаните поставки од банкротствата, стечаите, грабежот на општествениот имот, на пропаднатите банки, земјоделски комбинати, на големите трговски компании, на тутунските комбинати, текстилните фабрики, слики на некогашните гиганти изградени во социјализмот... Се' така до десеттиот кат каде што ќе бидат објавени портретите на најголемите жртви и на нивните џелати во првите десет години од славната македонска транзиција. Тоа се злосторствата на трансформираните комунисти, новите социјалдемократи и нивните партнери. На вторите десет ката се' до врвот ќе ги гледаме делата на ВМРО-ДПМНЕ и последиците на нивните промашувања. Распродажбата на „Окта“, „Телеком“, на големите банки и компании. Тука ќе бидат изложени сликите на жртвите кои биле против античкото минато, на предавниците кои го поддржувале словенството, голем број политичари, деловни луѓе и новинари кои се спротивставувале на мудрата политика на ВМРО-ДПМНЕ во десетгодишното владеење.
Колку и да изгледа гротескна и нереална оваа македонска футуристика бидејќи, се разбира, дека на никого не му паѓа на ум да гради таков музеј, сепак, таа претстава во животот постои и е присутна во македонското секојдневје. Особено ќе недостасува кога ќе бидат изградени оние вистинските реални музеи чии кранови веќе вишнеат над најголемите градилишта во Скопје. Ваков анахронизам и ваков масовен комплекс во потрага по идентитетот и минатото не е забележан ниту во една транзициска земја иако насекаде имаше обиди да се разубавува славното минато како оправдување за лошата иднина.
Македонија, а тоа го покажува и кампањата на најновите избори, влегува во нова ера на себенаоѓање доведувајќи ги во прашање веќе одамна освоените простори не само во демократијата туку и во стандардите на живеење, образование и спорт. Успесите и достигнувањата во претходниот политички систем, во таканаречената ера на социјализмот и еднопартиското комунистичко владеење, новите македонски политички елити не можат да ги остварат ни по 20 години. Индексите на економскиот развој, на животниот стандард на населението, на достигањата во науката, културата, во уметноста, во спортот, на македонскиот народ и националностите од југословенскиот режим, за жал, станаа неосвоиви од новите демократи. Очигледно, голема е фабричката грешка со македонската демократија и со македонската економска преродба. Се' повеќе луѓе со воздишка признаваат дека подобар беше животот пред 20 години. Македонија денес не е ниту социјалистичка, а уште помалку капиталистичка творба. Економско-политичкиот систем е недефиниран, и покрај Уставот и парламентарната демократија. Не важат ниту едните, ниту другите закономерности. Македонија не е ниту демократска, ниту тоталитарна држава, туку нешто што личи се' повеќе на онаа мешана овошна салата позната во Европа со состојки од непознато потекло.
Претприемливите Швајцарци преку својот Институт „Игенеа“, како што пишува „Нова Македонија“, ни нудат беспрекорно генетичко потекло. Треба само двапати да плукнеме. Еднаш ќе плукнеш плуканка, а еднаш 105 евра и веднаш ќе ти пратат сертификат за твоето генетичко потекло. Според „Нова Македонија“, истражувањата на „Игенеа“ се извршуваат на примерок од плунка што може да се земе „едноставно и лесно дома“. За пет недели и за почетна цена од 105 евра, ги добивате првите резултати што ги определуваат вашите гени во три различни епохи: предисторија, антика и среден век. Подоцна ако сакате потврда со колку проценти си антички Македонец, колку си Илир, колку си Хелен, колку Германец, Феничанец, Хун, Словен, или нешто друго, ќе добиеш црно на бело сосема прецизно ако доплатиш уште малку. Засега, утврдиле Швајцарците, Македонците 30 проценти се со гени од античките Македонци, 10 проценти се гени од Илирите, 15 проценти од Хелените, 20 проценти се германски гени, пет феникиски и пет хунски и само 15 проценти се со словенски гени. Фантастично. Се подготвувам и јас да плукнам сочно во сето тоа, па да видам колку се вистински прикаските на дедо ми, кочанскиот бег, дека потекнуваме од султанска лоза дури од Коња во Анадолија. Кога ќе ја добијам таа генетичка тапија од утре животот ќе ми биде султански.Што е бедна Европа према раскошот на султанските сараи. Замислете, мојот директен предок да се погоди лично Сулејман Величествени. Всушност, се' посигурен сум дека е тој. Не е како Александар Македонски, ама ич не е за потценување. Го освоил светот од Нубиската Пустина во Африка се' до ѕидиштата на Виена. Империја на три континенти. Што да ви кажам, кога ќе испијам две-три ракии, ја чувствувам таа империјална генетика. Знам, тоа доаѓа оттаму што Сулејман Величествени, кога уживал во својот харем, го сонувал Бујук Искендер (Александар Велики).
А вие, што мислите, кога веќе сите тргнавме во потрага по своите корени, дали Македонија се движи во правилна насока. А ла турка, или а ла флага, пред или по Христа, ќе бираме на референдум. Ангела Меркел вели уште Хрватска во Европа, па стоп. А ние. Ние што велиме... Ништо.
|
|
Статијата е прочитана 1496 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 13.03.2009 00:26:14 |
|
Abe Erole, site znaeme deka preku 70% od makedonskite gragani izjavuvaat deka ziveat poloso odkolku vo socijalizmot. Ama sekoj znae deka za toa se krivi komunjarite. Da ne bese Tito nemase da bide taka. Nejse, bilo sto bilo. Vazno e deka, blagodarenie na ovaa vlada eden den ce ziveeme podobro. Ni Tito ne ni obecavase takva blagodet kako Nikola, ama nie neznaeme toa da go cenime pa normalno e sto omileniot profesor ne kolne do sedmo koleno. Od osmoto ce trgne na poarno. |
|
|
|
|
|
|
Од: igor-bt |
Датум: 13.03.2009 00:41:59 |
|
Dali da se smee covek ili da place. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vodno |
Датум: 13.03.2009 00:57:22 |
|
Odlicna statija, koga covek ke ja procita i malku se podzamisli za realnosta vo koja zivee da posaka da e sto podaleku od doma ili da zivee vo nekoe drugo vreme. Kako mozese Makedonceto da dozvoli grupa decurlana da se igra vlada i da unistuva se ona sto generacii go gradea??? Vo Titova Jugoslavija napreduvase Makedonija a ne sega, Pastirot ne sotre, no ne e toj vinoven, narodot toa mu go dozvoluva! |
|
|
|
|
|
|
Од: anja |
Датум: 13.03.2009 01:24:20 |
|
epten sme tragikomicni....bravo Erol |
|
|
|
|
|
|
Од: тони |
Датум: 13.03.2009 01:49:54 |
|
Да се согласувам со авторот дека треба да се изгради нов музеј ама за жртвите од владеењето на сдсм едноставно знаеме какво беше нивното владеење иако некој се обидува да не замае мислејќи дека ние го забораваме. |
|
|
|
|
|
|
Од: tra la la |
Датум: 13.03.2009 02:40:42 |
|
Erole se si odi po red-ne treba brzanje.Najprvo treba da se izgradi muzej za zrtvite od PRIVATIZACIJATA-samo ke treba plac kolku celo Skopje za toa,potoa za TAT i sekako ke ni treba goolem bazen izgraden po svetski terk za OKTOPODOT-g-dinot Crvenkovski ke bide turisticki vodic tamu a na kraj Grujo ke go prezentira MEGA muzejot za Aleksandar i Bukefal.Vaka trebase da bide iskonstruktirana vasava analiza.Ne sum ni najmalku partiski oboen ama non stop plukanjeto po ovie novi decki a pak vasite
'shtitenici"nebare se bezgreshni-NE DRZI g-dine Rizaov.Kaj nas i ovie i onie t.e site zaedno ne vovlekoa vo ovaa turlitava.Ama za zal vie samo so edno oko gledate a drugoto go prikrivate so raka.Ne plasete se da ja kazete 18 godisnata makedonska saga-zasto nie chitatelite ja znaeme i cuvstvuvame mnogu podobro od vas site (politichari i nivnite pottrckovci novinari).I vie i Vecer ste pod sekoe nivo.Kade se izgubi VISTINATA??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Marx |
Датум: 13.03.2009 03:09:31 |
|
Nie nisto ne velime, si gi pakuvame koferite eden po eden i fakame u p.m. kako sto pee Jony," oni dolaze ja bezim od grada..." |
|
|
|
|
|
|
Од: Пролетта доаѓа на 22-ри март |
Датум: 13.03.2009 08:15:29 |
|
Вчера некаде прочитав дека песимистите имале за 45% повеќе шанси да се разболат од разноразни болести. Затоа сакам да му порачам на ценетиот г-н Ерол Ризаов да пишува малку пооптимистички, поведри и пореални текстови. Нека напише нешто на приер за вчерашните убави вести од Стразбур. |
|
|
|
|
|
|
Од: пријател на шутраците |
Датум: 13.03.2009 08:48:43 |
|
Покрај сите наведени експонати во музејот предлагам да има и место за платените новинари кој ставот го менуваат зависно од која гарнитура е на власт. Предлагам да тоа биде како човек кој стои пред табла кој во едната рака има креда( за пишување на ставови по определена тема) а во другата сунѓер (за бришење на истите тие ставови) а во пзадина се слуша звекет на монети. |
|
|
|
|
|
|
Од: vidovit |
Датум: 13.03.2009 09:10:12 |
|
EROLE ne sum sretnal i cul za nekoj podobar construktor na idnoto viduvajne od tebe prijavise za svetski najgolem znajnik i ce ja dobies nagradata i ce bides najslavniot profesor sto ce gi dades tvoite znaejna EROLE |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 13.03.2009 09:17:31 |
|
Почитуван Ероле! Уште еден музеј заборави. Музеј за жртвите од ТАТ. На влезот во музејот, биста на Киро, претседателот ни, како и предава на Соња одликување по втор пат за менаџер на годината. Одма до нив, биста на најмладиот штедач во ТАТ, едно беше бебенце од Пешеви или Шундови, не е битно. А потоа, нека бидат бистите на сите што починаа, што се разведоа, што се лечеа на разни психијатриски болници. Битола има цели податоци. Па музеј на приватизацијата на Бранко, па музеј на столбовите од пругата за Крива Паланка, кои и ден денес така висат, па музеј на Автопатот од Велешко езеро до Битола..па секако и музеј на октоподот, со точно таков облик. Само така ќе станеме земја на музеи и главна светска туристичка дестинација. |
|
|
|
|
|
|
Од: Revizija |
Датум: 13.03.2009 09:46:19 |
|
Znaeme za pogubnite posledici po zemjata i sudbinata na ludjeto od kriminalnata privatizacioja, koja se sprovede vo vreme na vladeenjeto na SDSM, no me cudi sto iako site ja napadjame i tvrdime deka e edna od osnovnite pricini za ova dolgo lutanje niz tranzicijata nikoj ne saka nisto da prevzeme za ispravuvanje na nepravdite od nea. Samo verbalni konstatacii deka istata bila obicen grabez na naroden imot i tolku. Nekoi tvrdat dekarevizijata na istata ne bila mozna oti pominalo mnogu vreme. Vidi majkata , mozna e denacionalizacija posle 60 godini od nacionalizacijata a ne bila mozna revizija na privatizacijata. Kolku mi e poznato vo Hrvatska, kade isto taka se izvrsi kriminalna privatizacija , se priprema zakon za revizija na istata , pa tajkunite da si ja doplatat vistinaskata cena na ona sto e ograbeno ili da im se odzeme istoto.Pa i nasata "bratija": Davitkovci Mukaetovci, Sterjovci , Jordanovi i mnogu drugi. neka si ja doplatat razlikata na ona sto na neposten nacin go grabnaa |
|
|
|
|
|
|
Од: Ранко од Пуздерци |
Датум: 13.03.2009 09:47:12 |
|
Абе слепци, направете една проста математика. Што се изградија вашите дедовци и татковци за време на Тито, Лазо, Крсте?..Во едноумието? А што сега во вашето “многуумие“?Тоа што тие го изградија вие не можете ни да го варосате! |
|
|
|
|
|
|
Од: seuste kulturen |
Датум: 13.03.2009 10:13:27 |
|
Drzavata ni e tra la la, poradi gradjani kako tra la la, koj pluka po socijalizmot, a krkal do daska u toa vreme, zemal beskamatni krediti i sekoja godina odel na more na odmor plus plata od 1000marki. PA daj kazete uspesna privatizacija u istocna evropa. Ruska, Ceska, Bugarska, koja? Ovie pilistarive dojdoa na vlast poradi toa sto vetuvaa najprvo CESNOST. Cesni li se, Gruevski so stanovite, bratucedite strav i trepet DBK i Carina. Beter se nego UDBA! Idninata kade e? Gi sobraa site nedokvakani od SDSM i gi lansiraa kako svoi Janicari! Rizaov e voobicaeno vo pravo i toa gi boli ludjeto koi mu veruvaat na Pastirov i ovoj Stapov koj go promovira! Ni go potkopaa identitetot, isplukaa se otporano, negativna energija potece po ulicite so mlekoto od farmetite. Impotencijata ja krijat preku reklami za fertilitet! |
|
|
|
|
|
|
Од: kuze |
Датум: 13.03.2009 10:13:50 |
|
Samo edno ne dodade vo komentarot a toa e deka vo ovaa drzava brojkite ne lazat
nepismeni ludje 75ooo
so nezavrseno osmo oddelenie 100 000
so zavrseno osmo oddelenie 150 000
so nezavrseno sredno obrazovanie 150 000
so zavrseno sredno obrazovanie 300 000
i ostanuva nekade 6.8 so visoko obrazovanie
od niv pola imaat diplomi dobieni so slukanje
znaci ostaa 3.4 normalni diplomi od koi 50% se vo stranstvo.
so 2.4% obrazovan kadar lesno e na predhodnite da im nudis 8 milijardi basmi |
|
|
|
|
|
|
Од: МК |
Датум: 13.03.2009 10:28:22 |
|
Вмровчиња ке ве видам што ке пишате после изборите некаде во мај и јуни кога ке се соочите и вие со реалноста сега сме на дното на балканот за краток период не само на балканот туку и во светот ке бидеме заедно со најсиромашките афрички републики бидејки моментално Македонија е една голема пералница на пари. |
|
|
|
|
|
|
Од: maja |
Датум: 13.03.2009 10:28:32 |
|
Bravo,odlicna statija!Avtorot zaboravil da go spomne muzejot na majka Tereza,sto e sram za site arhitekti i luge so custvo za arhitektura vo Makedonija.Dodeka nie kopame da go najdeme naseto minato,nasite deca so koferce odat nadvor od doma,da ja najdat idninata.Zalno |
|
|
|
|
|
|
Од: Pogresen kolosek |
Датум: 13.03.2009 10:35:11 |
|
Vo poveke navrati predupreduvav deka Makedonija se postavuva na pogresen tranziciski voz i toa uste na samiot pocetok na tranzicijata! Moite predupreduvanja bea ignorirani! Site veruvaa deka ,,Mudriot drzavnik,, Makedonija ke ja napravi ,,Oaza,, na stabilnost i dobrobit i deka samo malku da se strpime! Tokmu Erol bese eden od onie novinari sto uporno ja branea ,,mudrata politika,,! Medjutoa, sega so celosno pravo ja kritikuva apsurdnata politika, koja aktuelnata vlada nastojuva da ja realizira po sekoja cena, ne vodejki smetka za realnite sostojbi i za potrebite na gradjanite! Kaznata za vakvoto diktatorsko odnesuvanje brzo ke dojde! |
|
|
|
|
|
|
Од: od tito |
Датум: 13.03.2009 10:37:43 |
|
Pa od koga ti se be erolce se zainteresira za Makedonija , daj da procitame nekoj tvoj tekst od vremeto na Tranzicijata od 1990 - 1998 bas me interesira kako go imas kreirano javnoto mislenje.A be novinarite od tvojot tip i kako Latas i kompanija ja unistivte drzavata. Ovoj narod zaborava ama nekoi ne zaboravaat, a za Titovoto vreme samo zalis ti i takvite kako tebe, pa Titi i vo Svajcarija li bese Pretsedatel pa i tamo narodot zivee....................... |
|
|
|
|
|
|
Од: Стар внимателен читател |
Датум: 13.03.2009 11:26:22 |
|
До Тито, Тони,Тра ла ла и Пролетта доага на 22 март. Не ми е јасно зошто го напагате авторот кога вашите аргументи ги има во текстот. Прво поделбата на одговорноста на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ ке биде еднаква на 20 годишната од независноста на РМ тврди авторот кога двете партии ке владеат по 10 години со Македонија. Така што двете власти и нивните партнери се подеднакво критикувани во Музејот за двете има по 10 спрата. . Тито, изгледа не го читал Ерол Ризаов од времето кога почна транзицијата, да го читал нема така да пишува, , или тоа го прави за да ги убеди другите читатели во нешто што не вистина. За пролетта доаѓа во врска со оптимизмот од Стразбур. И лани и полани и преклани европскиот парламент донесе уште поповолни одлуки ама се уште нема ништо. |
|
|
|
|
|
|
Од: blazo0870 |
Датум: 13.03.2009 15:36:06 |
|
da se zalese nekoj makedonec nemase da ostanam ramnodusen, no vaka gledajki ,erol rizaov,ili hari kostov ili sterio.nakov,ili sterio zikov ili boris kondarko,ili makraduli ili nano ili frcko i tn.nema ni eden makedonec po rod.sramota e janicari. |
|
|
|
|
|
|
Од: petko |
Датум: 13.03.2009 17:44:29 |
|
Prvo,bravo za tekstot na cenetiot g-din Rizaov i edno malo dopolnuvanje na g-din Ranko od Puzderci,toa ne se slepci tuku stoka kvantaska ,toa sto ozoglasenite komunisti izgradija i napravija tie go rasturaat vece dvaeset godini i nikako da go rasturat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Markos |
Датум: 13.03.2009 17:47:42 |
|
Vo pravo e g. Rizaov: ne e v red vo edna multietnička zemja, kakva e Makedonija, samo etničkite Makedonci da bidat zamajani i zaludeni vo potraga za svoite božemni koreni. Od koga "česta" na Turcite im ja spasi g. Rizaov, se prašuvam: što čekaat Albancite, Srbite, Vlasite, Romite...
Što se odnesuva do gradbata na verski objekti, zaslužuva da go spomnenam golemiot ruski poet Sergej Jesenjin. Od koga - vljuben vo slavnata balerina Isidora Dankan - otide da živee so nea vo Pariz, vo ranite 1920-tite godini na svojot prijatel Aleksandar Marienhof mu napišal:"Živejki ovde, nabrgu razbrav kolku mnogu crkvi ima vo Rusija, a kako malku nužnici". |
|
|
|
|
|
|
Од: Oskar |
Датум: 13.03.2009 20:14:03 |
|
Bravo za napisot, zasluzuva cista 10-ka. Neznam zasto Vladata i Premierot nemaat sluh za dobronamernite kritikit na vaka golemiot broj na jalovi investicii i nikako da soprat. Pa konecno toa se pari i na ovie gragani sto ne se slagaat so vakvite potezi na Vladata. Vakvite objekti ke produciraat samo novi i novi trosoci, do konecno nivno ruiniranje. Zasto ni e stadion za 38.000 gledaci koga prosekot na natprevar ne preminuva 500, zasto ni se skapi sprtski sali a mladite nemaat igralista za mal fudbal, kosarka, rakomet, tenis, odbojka i dr., na otvoreno, sto ke cini mnogu pomalku, a ke se koristi mnogu poveke. |
|
|
|
|
|