Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
На прво место
17.07.2008, 18:36

Масовен протест поради апсењето на Зоран Заев

Протестот пред судот не излезе од контрола кога специјалците го попречија движењето на поддржувачите на Заев

Билјана Јовановска
Љубиша Станковиќ

Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозицискиот СДСМ, вчераутро беше уапсен на пат кон Скопје, откако полицијата го запре неговото возило на раскрсницата кај Радовиш. Заедно со уште четворица свои сограѓани С.Д.(54), Н.Г.(41), И.Т.(60) и Г.К. (29), кои како и Заев се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“, претпладнето пред 11 часот со комбе беа донесени на распит во Основниот суд Скопје 1. Полицијата трага по лицето К.П. (46) од Струмица, кое се товари за истото дело.

Веднаш по информациите за апсењето на Зоран Заев, опозицискиот СДСМ одлучи да ја напушти работата на Собранието зашто сметаат дека нивното присуство во парламентот претставува своевидната „шминка“ за потезите на власта и создава привид за демократско функционирање на законодавниот дом.

Попладнето, околу 14 часот, лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска, со целата пратеничка група, и опозиционата ЛДП пеш се упатија кон судот, каде што им се приклучија голем број граѓани од повеќе градови. Таму, пак, веќе имаше голем број полицајци, инспектори, припадници на Единицата за брзи интервенции, попознати како „нинџа желки“. По информациите дека голем број автобуси од повеќе градови се спречени да стасаат до Скопје, тензиите почнаа да раснат. Напнатоста кулминираше кога учесниците на протестот, предводени од Шекеринска, се обидоа да застанат на просторот од десната страна на судот. Притоа, се случи близок контакт со „нинџа желките“, кои под полна опрема и со штитови ја потиснуваа толпата кон улицата. И покрај инсистирањата на лидерката на СДСМ дека граѓаните имаат право на слободно движење, дека тие не атакуваат на институциите на системот, специјалците го попречија нивното движење, по што Шекеринска прокоментира дека „некој сака полицијата да ја злоупотреби, да ја сврти против сопствениот народ“ и ги повика припадниците на МВР да го „прекинат насилството“. Неофицијално, попладнето зад зградата на судот стасаа три транспортери со специјалци, а проструи и веста дека било побарано полициско засилување и од другите градови.

И покрај овој инцидент, Шекеринска и неколку илјади граѓани останаа пред Основниот суд Скопје 1. Во меѓувреме, потпретседателите на СДСМ Игор Ивановски и Јани Макрадули имаа куса средба со потпретседателката на судот Ангелина Поповска, но не соопштија за што разговарале. Распитот на Заев траеше полни четири часа, точно до 15 часот, а потоа по десетминутна пауза истражниот судија Седат Реџепагиќ и заменик-јавната обвинителка Гордана Гешковска го продолжија распитот на останатите обвинети, кој не заврши до затворањето на весникот.

Оние што се обидоа на Заев и на останатите осомничени да им ја дадат поддршката со своето присуство пред судот, главно беа попречувани да стасаат до Скопје. Полицијата ги сопирала автобусите, ги легитимарала патниците и барала да изврши технички преглед на возила. Откако дел од нив пристигнаа пред судот, извикуваа „Не го даваме Заев“ и „Зоки, Зоки, со тебе сме“. Обраќајќи им се на присутните, Шекеринска рече: „Ова што му се случува денес на Зоран, утре може да му се случи на секој граѓанин на Македонија. Нема да дозволиме тие да одат курбан за власта да ја ск��ие вистината дека по години лаги реши да прави коалиција со ДУИ“. Таа ги повика учесниците на протестот да останат пред судот и упати повик и до останатите граѓани да се приклучат на протестот за спас на демократијата во Македонија. Меѓу насобраните сопартијци на Заев беше и експремиерот Валдо Бучковски, кој се присети на една слична епизода, кога и самиот беше приведен на распит во истиот суд. „Имам нагон за повраќање. Сето ова станува толку одвратно што се губат и минималните шанси во вториот мандат Груевски да биде поинаков“, рече во изјавата за „Утрински весник“ Бучковски.

„Ова е катастрофа за Македонија, не само за Заев. И во нашата држава постојат граѓани кои мислат поинаку од Груевски, кој не' скара со половина Европа и државата ја води кон пропаст“, гласно коментираа Димче Ташков од Скопје и Здравко Коцев од Штип.

Според соопштението на МВР, истрагата се води против раководителот на Секторот за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и ЛЕР при Општина Струмица и член на Комисијата за јавни набавки С.Д., К.П. - раководител на Секторот за правни, административни, општи работи и јавни дејности во Општината, Н.Г. - раководител на Одделението за административна поддршка на градоначалникот, И.Т. - општински урбанистички инспектор и овластен градежен инспектор и Г.К. - основач и управител на ДГТУ „Де лукс инженеринг“ ДОО Струмица и основач на ДГПТУ „Сим инженеринг“ ДООЕЛ Струмица. Приведените се товарат дека во зависност од овластувањата што ги имале, злоупотребата ја извршиле така што најпрво спровеле јавен тендер за избор на соинвеститор за градење на Трговскиот деловен центар на локација на поранешниот градски пазар во Струмица. Се наведува дека земјиштето на кое е изграден трговскиот деловен центар е во сопственост на Република Македонија, чии корисници се повеќе правни и физички лица, а за кое се во тек постапките за денационализација.

Наспроти ваквиот обвинителен акт, сограѓаните на Заев не го криеја револтот кон власта, порачувајќи: „Им пречеше нашиот градоначалник зашто е подобар од Груевски. Тој од Струмица направи прекрасно место за живеење, мал Париз, и тоа е она што власта не може да му го прости“. Тие останаа пред судот до доцните попладневни часови, чекајќи го исходот од распитот.


Статијата е прочитана 3195 пати.


Испрати коментар



Заев и соработнците ќе се бранат од слобода
Фуере- Парламент без опозиција не е Парламент
Струмичани во шок по апсењето на градоначалникот Зоран Заев
Црвенковски- Политичка пресметка со неистомислениците
Опозицијата го напушти Собранието
Градоначалниците од СДСМ ќе ја напуштат ЗЕЛС



Sergej - http://www.otpor.net.tf, 18.07.2008 00:02:46
Si mislam edno (belkim nema Grujo da me zatvori poradi toa sto mislam): se mi se cini deka Adolf Gruevski se podisplasi od toa sto vo Makedoniickava se vrati Brat Ljube! Dali Toj si pomisli deka Brat Ljube ke se kandidira za pretsedatel, pa pobrza da napavi nesto od koe ke Mu se digne (mislam rejtingot)?! E moe Gujce, moe Adolfce! Imas li Ti ogledalce koe sekoe utro go prasuvas "Ogledalce, ogledalce moe, kazi mi, vo Makedonija najpopularen koj e?" Sme se namestile site koi ne mislime kako Tebe, bas kako i sedumte dzudzinja...
dimitar, 18.07.2008 00:08:37
Како не, масовен протест. Имаше вкупно стотина луѓе кои протестираа. МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! ВАРДАРСКА!!! ЕГЕЈСКА!!! ПИРИНСКА!!! Тоа е една држава, тоа е една нација, тоа е МАКЕДОНИЈА!!! United, united, united MACEDONIA!!! ВМРО!!!
ohrid, 18.07.2008 00:23:46
Ova so gospodinot Zoran Zaev bese sram za vladata na Gruevski. Se nadevam deka Zaev ke bide osloboden i pravdata ke izleze na videlina. Podrska za konsolidirajne na SDSM kako najjaka politicka partija vo makedonija.
citatel, 18.07.2008 00:31:24
ami sto sakaat komunistite, apasite da bida na sloboda? mestoto mna apasite e v zatvor! uste kolku kako zaev treba da se uapsat, eheee! samo napred, da ne se plasite od komunjarite.
Strumicanec, 18.07.2008 00:35:04
Kako ne mu e sram na Gruevski. Ako nekoj treba da se apsi vo Strumica toa e bivsiot gradonacalnik Kiro Janev od VMRO koj ima bugarski pasos i ja oplacka pola Strumica a ne stavi ni edna plocka vo gradot. Zaev mu precese oti gradese i gi resavase problemite na gragjanite a sekoj mesec davase otcet na lokalnite televizii za srabotenoto i sto planira da pravi so gradot a prifakase i sugestii od zitelite na opstinata preku neposredna komunikacija. Ako toa e Prerodbata tesko na MKD.
домородец, 18.07.2008 00:39:35
Знаев оти ќе се избањаат вмровци со некој ваков глуп потег, Грујо како Мугабе сега ќе доживее да му се сврти светот,а ние може да ќариме некое ембарго. Срамота да се апси директен политички опонент во опозиција, тоа само у Конго го има. Заев е чист и затоа е опасност за Груевски. Тој е единствениот комуњар шо го сакаат и обичните вмровци, особено струмичани. Автогол. П.С. А кога ќе дојдат комуњарите на власт ќе апсат за окта, за ЕСМ, за компјутерите за секој ученик што не постојат.... нема крај, отидов ја у Канада да живеам. Дива лига, бљак
realen, 18.07.2008 00:45:28
Гујо не го положи тестот по демократија бидејќи човекот не ја разбира ниту буквата “Д“ од демократија. Пиноче дојде на власт, Македонци мислете му ја!!!!
daniela, 18.07.2008 00:46:15
Ova e diktatura.mi se gadi od ovaa mafijaska "Familija" na celo so bekserot!mi ja unistuvaat zemjata i mi ja zemaat idninata!
Трпе, 18.07.2008 00:58:04
Eve do kade ne dovede diktaturata na Nikolaj.Ovaa ne e sram za gospodinot Zoran Zaev ova e sram za Makedonija.Ovaa sto ke go ispokaka vladata na Nikolaj nikoj nemoze da go izbrise,vecno ke smrdi.Samo ke i preporacam,koj na drg grob mu kopa neka vodi smetka samiot vo nego da ne propadne.Ljubomorata e losa rabota.Nikolaj neka si stavi maska i neka se krie od svetot poradi svoite nesposobnosti i steti koi gi nanesuva na drzavata.
Goce Viena, 18.07.2008 01:03:59
ubavo e sto kriminalci zavrsuvaat tamo kade sto im e mestoto,no ovoj ne e posleden ima uste koi treba da zavrsat zad resetki,a ovie protestiraat zar treba kriminalcite da se ostavat da si teraat kako sto si naumile i toa da nema kraj,izgleda nivnite podrzuvaci se isplaseni bideki i tie imaat nekoi matni zdelki pa pak plukaat po grujo demek toj mu e kriv za se pa grujo sigurno ne im rekol da pravat kriminal i pri toa zaboravil da im kaze deka ako pravat kriminal deka i ke odgovarat soodvetno.
stojan, 18.07.2008 01:05:34
abe sto ne odi vladava da go apsi nevzat bejta gradonacalnik od gostivar ? oti ne smeat zatoa ne odat samo po nasive nashle udiraat a albanskine gradonacalnici od gostivar,tetovo i chair najgolemi mafijasi i najkorumpirani ali vladava nasa niv gi simpatishe a nasive gi goni so nas sopstven narod sakaat da se pokazat deka se borime so korupcija od 16 god sum clen na vmro i nikogas poveke sramota i grev treba za site da vazi zakon a ne za nekoi samo, sto e ova turnir? dojdi vmro na vlast gi apsi sdsm-ovci, dojdi sdsm na vlast gi apsi vmro-vci do koga be alo...
Pirin, 18.07.2008 01:05:38
cekajte ber sto ste zapnale tolku , zoran zaev nee politicki zatvoren tuka za somnetelnost deka napravil nekoi proneveri so znaeenje ili ne znaeenje, toa ke go utvrdi sudot na makedonijaa ne taka so sipaganje od parlamentot, znaci li toa deka so ipaganjeto mislite ke prestanat istragite protiv tie koruptirani politicari ili taka nesto , normalno za zorana ne tvrdam nisto, za toa si ima sud kako vo sekoj kulturen svet pa sudot ke ispita za negovata ispravnost ili greslivost i sekoj ke si gi plati grevovite , i sto e ova za sekoja slucka odma grujo e vinoven kako da e on covek drzava a go glasase siot svet makedonski.
Мима, 18.07.2008 01:08:39
Сакам да го прашам Адолф Груевски(кој се третира како премиер кој носи преродба во Македонија), кој е следен градоначалник-Аце Коцевски?Затоа што на ,,господинот" премиер му пречат успешни луѓе како што гледам,па си го тргна Заев,а следниот -да сме здрави и живи да видиме со што ке го ,,натовари"
V.Beleski, 18.07.2008 01:09:21
Vo Svajcarija uste se sudi eden poranesen Chef na Swissair, a ima i nogu drugi slucai. ama vakov Cirkus ne vidovme, Korupcijata mora da ja privedeme na koeficient edinica bidejki na nula e nevozmozno. Razmisluvam dali da se kandidiram i da se zaclenam vo SDSM mislam deka e vreme da prevzememe nesto, bidejki vo Makedonija ke nemame veke opozticija, bidejki ovaa sega se grupa na luge koi gi promoviraat sopstvenite interessi. Go-Da da vi kazam nesto Site do eden treba vo zatvor i toa da Ve odnesat na Goli Otok, od vas lesinarite ne moze Makedonija da krene Glava, zasramete se site do eden, G-Go Sekerinska de ne vi se zapre Izvorot za Partijata mislam deka pogodiv, pa da ako e taka opravdano e da protestirate zatoa sto bez izvor nema voda..a vodata e mnogu vazna barem kaj normalniot covek... PS na slikata ubavo se gelda kako policajcite se vo zaden red, koj kogo ovde go laze, ajde stavrno kade vi e konstrukrivnosta Utrinski bidi pokonstruktiven i porealen, nemoj da se stavas na strana..
KKK, 18.07.2008 01:12:09
HEIL Gruevski pomagajte stranci
turko, 18.07.2008 01:46:15
Iskreno, razocaransum od ovie slucuvanya. Glasav za Gruevski no sega mnogusum isplasen od najnovite nastani. osobeno hapsenje na eden opstinski predsedatel!!. Nemoj Grujo, nemoj na ovoj nacin da se presmetuvas so svoite rivali. Eden den ke se pokaes no moze docna da bide. Mladsi, a te smetame i za pameten. Nemoj dagi slusaj tvoite nepismeni sovetnici sto te lazat. Imaj verba vo sebe i bidi vistinski demokrat. Opozicijata e del od tvojata politika. Bez opozicija tisi nikoj i nisto. Vreme e da da nosis pravilni odluki. Zatoa i te izbravme momce!!..Bidi dobar i napred!
pavel satev, 18.07.2008 01:52:20
zarem nekoj normalen koj vo dusa go nasi stalin,na gradi portokalova prerodba,a vo srceto prezir i potreba za odmazda ke go obedinuva i prerodbenicki vodi makedonskiot narod vo 21 vek.Vo vladata so uck a po zatvorite opozicija-tazna i zalna Makedonija
sds, 18.07.2008 01:59:33
Ne ve razbiran site vie sto tolku go branite zaef .Jas mislam bez razlika koj partija e treba sekoj da odgovara ako ima napraeno ne zakonski.Jas bi ve zaprasal ako bese mestoto vase i gospodinot da napravi trgovski kako vie ke se osekate .Uste mnolgu vakvi treba da se zatvaret bez razlika na partii
freni, 18.07.2008 02:02:05
nego pritvorija,tuku go viknaa da mu kazat da krade pomalku,uste toj ostana so sigurni izvori za pari,strumica e drzava,plus si ima kupeno nekolku firmi i kaj nego e kamenot,parite se vo prasajne.mislite deka rada buntuva da go pustat pa da ja smeni na kormiloto na SDSM gluposti!!!dukanite vo zgradata civi se pa na SDSM toa problemot
darko, 18.07.2008 02:17:49
Jas glasav za Nikola Gruevski ama pocinjam da go menjam mislenjeto.SRAMOTA e ova sto go pravi mislam deka deckoto e mnogu uspesen vo svojata rabota.A moram da priznaam deka na Gruevski mu e strav od protiv kandidat kako Zaev,se slusaa muabeti deka ke bide pretsedatel na SDSM i daj ke go apsime GOLEMA GRESKA....
aleksandar kavadarci, 18.07.2008 03:27:56
so tolku skokate be kade bevte koga bucko ja ispotepa struga koga hari mata hari gi predade brat ljube i johan kade bevte togas ili sega boli pa ako ukral 7 milioni evra jas sum da go obesat odma kako sakate da isprasaat doma na kafe more za site ajduci besilka ne sud teraj grujo so tebe e makedonija se vide i se znae gabe vezat i ne zajko kukurajko tuku se znae brat ljube e sledniot presedatel na makedonija se nadevam ke objavite zatoa sto i vie ste komunjari ne novinari
katastrofa, 18.07.2008 03:55:59
Abe lugje svestete se.Pred nekoj den edna novinarka od Utrinski so pravo kaza deka ima mnogu internet plukaci.Pa sramota e da se objavuvaat komentari od stilot na Adolf,Pinoce i sl.Pa ova e cenet dneven vesnik na Makedonija.Nemojte da go pretvorite vo kafanska raspravija.A vo konotacija so tekstot-smetam deka opozicijata voopsto ne trebe da izleguva na ulici i da protestira-tuku nejzinata uloga e vo parlamentot.A za gospodinot Zaev i drugite sorabotnici-trebe da pocekame i da vidime sto ke odluci sudot a dotogas site tie se nevini.Megjutoa ako se dokaze deka se ogreshile-togas tie trebe da odgovaraat spored zakonot.Trebe da razmisluvame so ladni glavi lugje-oti emotivni izlivi i pritisoci voopsto nema da ni pomognat-na nikomu.
Dok, 18.07.2008 04:17:25
E de eden uapsile i SDS odma na noze ami sto ke praat koga ke pochnat i drugite gradonacalnici d agi apsat a neka zeme sator Rada i neka spie pred sudot, ova e lekcija za Branko kako se vodi borba protiv oktopodot
oko, 18.07.2008 04:31:15
Pa koja e ovaa Sekerinska da se mesa vo rabotata na sudstvoto koj i dava pravo da odi na sud ...Ovie specijacite treba da i ja skrsat toa komunjarskata glava....Pa koga ke im stane jasno na ovie od SDSM deka diktaturata na proletarjatot zavrsi ..... Se nadevam Frcko Markaduli i slicnite na niv se sledni
marjan-viena, 18.07.2008 04:51:38
more taka im treba na mafijasite od sdsm.... kradci obicni se tie,se obogatija od makata na narodot,ja dovedoa makedonija do pitacki stap,tie se krivi za denesnata sostojba vo zemjata,zatoa sto dodeka bea na vlast samo kradea,sozdadoa cela armija stecajci,socijalni slucai....a sega zinale,usti olkavi i napagaat...kako ne im e sram na rada i na kompanija da zboruvaat za ,,ubivanje na demokratijata,, tie go ubija duhot na ovoj narod.site treba da bidat uapseni,da osetat malku na svoja koza sto e maka.
saso, 18.07.2008 06:53:20
kogo lazete jas bev tamu iljadnici demostranti. KAko gi izbroivte vi se molam. Ako si kradel i ako si politicar, da ne te zatvorat. KAde go ima toa. Ako jas ukradam i cokolado ili leb ke odam vo aps 10 godini a ovoj 7 milioni evra i nisto.
Mitre, 18.07.2008 07:29:33
I za Albancite ubijci-odmaznici prijatelite i rodninite protestiraa pred sudot... Pa ima li drzava ovde? Tolpata se stava iznad sudot iznad institucijata narecena drzava!! Stapot za Sekerinska i slicnite na nea...Policijata da ja rastera taa banda ( tolpa ) i sudot da si raboti bez politicki vlijanija!! A ako Grujo ne e vo pravo ke mu dojde i nego redot...Dajte be ludje jas rabotam vo stranstvo i imam plata od 20 000 $ ama za da gi stignam tie banditi tamu eden vek mi e malku...Ocigledno e deka site politicari se aramii a narodot gi brani isuse boze....
vojslavec, 18.07.2008 08:31:20
Ajde poleka ama sigurno MAKEDONIJA ke se ischiste od APASHITE....Samo da dade GOSPOD GRUJO da ni pozivee ushte 30 GODINI i toa na vlast....Pozdrav na siromasite POSHTENITE vo STRUMICA...
Историчарот, 18.07.2008 08:37:05
Има една реална опасност за Грујо. Се темели на неговото настрвување на сопствените поддржувачи со „крвта“ на противниците. Тие, неговите поддржувачи се` повеќе се хранат со „крвата“ која има ја нуди. Но, тие, бараат се` повеќе и повеќе, а, во иднина уште повеќе. Е, тука е неговиот проблем Кога ќе ја потроши сета „крв“ од противниците, навикнатите на „крв“, ќе дојдат по неговата.
miroslav tesovik, 18.07.2008 08:47:15
Mnogu mi e drago sto pred 7 godini podnesov baranje do kanadsko ministerstvo za imigracija za dobivanje na imigraciona viza za mene i moeto semejstvo, i fala mu na gospod mi ja odobrija , pa vece 5 godini sme vo Toronto , a i stanavme kandski drzavjani. Go znaev ovaa zosto po zaminuvanje bandata mi pusti kriivicna prijava po koja minatata godina i me osudija. Da ne bide zabuna minatata godina bev vo Kumanovo 3 nedeli bas vo vreme na donesuvanje na presudata ( uslovna kazna i paricna koja ja plativ). Bas mi e drago da sum OSUDEN od bandava. Na sekoj normalen zitel na Makedonija mu preporacuvam da najde pat i da ja napusti VAKVATA makedonija. Ovaa e bukvalno najopasnata diktatura ( po Marks) DIKTATURA NA PROLETERIJATOT citaj na NEPISMENI I NEKULTURNI.
strumicanec, 18.07.2008 08:50:09
Zoran Zaev bese imeto koe se najavuvase kao nov predcetatel na SDSM. Pred nakoj den Crvenkovski najavi vrakanje vo SDSM. Poznavajki go Crvenkovski i negovite tajni vrski so Zingo, Latas, a preku niv i so Gruevski malku e cudno kako toa bas sega Zaev go uapsija, a portparolot na MVR izjavuva so SMS deka kandidaturata za precedatel na SDSM mu padnala vo voda. Imame pravo na ova da se somnevame bidejki istoto ova mu se sluci i na Vlado Buckovski koga Crvenkovski oseti deka Buckovski mu ja prevzema SDSM, pa tokmu preku Latas, Sitel i Vecer ,Buckovski bese ocrnet kako "najgolem kriminalec" vo Makedonija. I togas Rada svirese na svircinja vo znak na protest, ama izgleda tie vo SDSM neznaat Branko so koj se se dogovara i deka im raboti zad grb.
kraj na kriminalot, 18.07.2008 08:59:28
I pokraj pritisokot od stotina a ne nekolku iljadi luge Grujo mora da prodolzi so secenje vo koren na kriminalot.Za toa ja dobi poddrzkata od gragjanite i ne smee da se povlekuva.Ako saka pak da dobie mandat mora da izdrzi.
krste, 18.07.2008 09:04:19
Zaev iskreno receno ne e bas mnogu cesen kako sto se pretstavuva.Mnogu dobro se znae kako se izgradi ovoj trgovski centar Vo strumica.So mnogu matni dogovori.Pokraj toa Zaev doaga od familija koja za vreme na embargoto so Srbija na kriminalen nacin se zbogati.Pred toa nemaa nitu skrsen dinar vo dzeb.Kako e privatizirana IGM Elenica,kako e formirana Peon stedilnica i dr.Ima mnogu kriminal veruvajte.
karamela, 18.07.2008 09:05:04
Apsi Grujo apsi ama 15 Oktomvri doaga ke se pusti parnoto ke dojdat smetkite togas daj odnesine site po zatvori da se greeme,jademe i pieme na smetka na drzavata i vaka e vo moda da si vo zatvor :)
Aleksandar, 18.07.2008 09:17:33
Gruevski nikoj ne zatvoril sramota e tova sto go pisuvate.Edno ke kazam kako eden od tija poznati faci ne iskoci za nas koga ne ispustava od rabota,koga nemase da dademe i najmala egzistencija za nasite semejstva.16godini zimaj,kradi.Malce im bese kradenjeto sega i izvrsitelite im prakat,ne pocituvani gragani mojot narod Makedonski e domakinski ne zasluzil poveke da go kradat,i da se bogatat poednici,sekoj saka da plati komunalii a ne da se krije koga ke dojat inkasatori.se zamarame za zaev dali bil kriv,dali bil prav ima sud.Sekoje dobro na site ako me prasate mene mi preci i zalam sto nema da ja gledam uzivam vo Olimpijadata na TV
od strumicanecot, 18.07.2008 09:34:24
do sergej,nema sto da si mislis i da se plasis ako ne si dobil nekoe evro i ti od na zaev parite,brkaj si ja rabotata i ostavi go slucajot na tie sto se strcnaci za toa,samo taka na toj nacin ke se doblizeme do evropa i svetot,nema sto da slusame drugi od strana da ni diktirat kako da se borime protiv korupcijata,nie imame dosta skoluvani luge vo makedonija za da se spravime so takvi problemi,nie obicnite gragani treba da im dademe podrska na site tie luge sto se borat protiv korupcijata a ne da im odmagame.
Спектатор, 18.07.2008 09:34:51
Изјави во знак на поддршка на Заев дадоа високи функционери и пратеници на СДСМ, ЛДП, НСДП и НА. Од коалицијата “Сонце“ го немаше само Стојан Андов, претседателот на Либералната партија кој не смее да влезе во просториите на партијата. Андов си заврши работа за себе, стана пратеник најмногу благодарејќи на СДСМ и сега го нема никаде да му даде поддршка на потпретседателот на СДСМ. Себичност и ништо друго.
Sale, 18.07.2008 10:45:46
Ако се паметни овие од СДСМ треба сега ВЕДНАШ да одржат Конгрес и да го изберат Заев за претседател на партијата. А како кандидат за претседателски избори да го истакнат Љубе Бошковски.
МАкедонија, 18.07.2008 11:00:07
Од денеска ми е срам да кажам дека сум Македонец па црни Грујо ако си тргнал да се бориш против организираниот криминал стави бе лисици и на еден Албанец пример твојот довчерашен колиционен партер прецедаделот на ДПА абе таму да те видам не само Македонци или Македончето е мирно и удри по него.
mene, 18.07.2008 11:19:03
pa ako napravil krivicno delo treba da bide uapsen a toa doprva ke se dokazuv.inace kolku da znaete strumicani odpoodamna znaea za nekoi matni zdelki na zaev.samo neznam sto tolku se bunat ovie od pleadata titovci,a i vesnikov mi stoi od taa pleada
kumanovac, 18.07.2008 11:39:56
Ako se dokaze deka Gospodinot Zaev,go zloupotrebil svojot sluzbeno mesto,se znae kade mu e mestoto.Vo sprotivno Gospodinot Grujevski od moralna strana ke bide prinuden da mu se izvini na Gospodinot Zaev .A narodot sto stana na noze,podobro da poceka do sudska zavrsnica ,na slucajov.Da ne ispadne deka davale podrska na kriminalni strukturi.
nenad, 18.07.2008 11:45:44
da dade gospod site vmrovci da izginat po rovovi dodeka Grujo koj e kriv sto ja gubme drzavat so 'familijata" ke uziva na nekoja jahta!Samo so cistka od vmrovci ovaa drzava ke ja bide!
pero, 18.07.2008 11:52:53
Samo napred Grujo, apsi se na red, uapsi go sega i gradonacalnikot na Ohrid, Kavadarci... uapsi barem 1000000 Makedonci... ama zatoa NATO I EU ke si gi sonuvaat uste najmalku 3-4 generacii... Grujo zlaten... zad tebe pustos ke ostavis... Prerodbata prodolzuva...
od mene ;), 18.07.2008 14:21:47
kako i da e, Zaev e mnogu zgoden mora da priznaete, pa sto i da storil nesto sto ne treba, drugite ja opljackaa drzavava pa nikoj ne se zanisa da stori nesto. Ajt decki na rabota ostavete gi ovie niv sekako im odgovara
Iggy K, 18.07.2008 15:05:45
Dobro be lugje sto tolku se uzbudjavate! Ako coekot e kriv po zakon togas bez razlika koja partija treba da ide vo zatvor! Site slepo vikaat ne e kriv a seuste nemalo sudenje!
17.07.2008, 19:37

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Магла

Среда
Ведро
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Светот се движи со непредвидливи и тешко совладливи брзини
„Уметноста е само првиот степен на интелигентното самокреирање“, потсети на крајот на годинава, сликарот, академик Глиго...
(ФОТО) Светот ја пречека Новата 2013
Милиони луѓе се собраа за пречекот на Новата година 2013 на плоштадите ширум светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |